Ultra-Flood Stoppers- се вреќи со мала тежина, кои при контакт со вода брзо се активираат и можат да се користат слично на традиционалните вреќи со песок за запирање/контрола на надојдена вода при поплавување.
Ultra-Flood Stoppers- често се нарекуваат „вреќи со песок без песок“ бидејќи функционираат како вреќи со песок без негативните страни на истите. Вреќите тежат околу еден килограм пред да се активираат, што ги прави многу лесни за маневрирање (за разлика од вреќите со песок). Но, откако ќе се активираат (не е потребно ништо освен свежа вода), тие имаат моќ за запирање на поплави до четириесет килограми.

Карактеристики на производот:
- Лесни за користење и транспорт -вреќите тежат оприлика околу 1 кг секоја, со димензии 305 х 610 мм, пред да бидат активирани со свежа вода;
- Цврста контрукција- поминуваат низ повеќе тестови за пад од 1 метар;
- Брза реакција – за 2.5 – 3.5 минути вреќите го исполнуваат својот капацитет, спремни да превенираат поплави и истекувања кои би направиле штета;
- Еднакво распределен материјал низ целиот производ- дизајнирани и изработени за одржување на конзистентна форма низ целата кеса. Вреќите Ultra-Flood имаат патентирана метода за за обезбедување целосна и рамномерна дистрибуција на полимерните гранули што апсорбираат вода, при нивна активација;
- Се полнат до висина од приближно 102 мм;
- Безбедни, нетоксични и можат да се отстранат во локална депонија;
За ЦВТ
ЦВТ е водечки лидер на квалитетни решенија за вода и отпадни води во Македонија. Како официјален партнер на реномирани брендови, нудиме иновативнии квалитетни решенија и услуги кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти. Ги поддржуваме компаниите од инсталацијата до континуираното одржување на системите, осигурувајќи долгогодишен успех и оперативна ефикасност. Побарајте повеќе информации или понуда на cwt@cwt.mk
или на 023066070
