Подготовка на питка и технолошка вода
Нудиме сигурни и ефикасни решенија за подготовка на питка и технолошка вода, прилагодени на потребите на општински, индустриски и комерцијални корисници. Со примена на современи технологии и внимателно избрани процеси за третман, гарантираме висок квалитет на водата, безбедност при користење и долгорочна стабилност на системите. Нашиот пристап обезбедува чиста, безбедна и технолошки соодветна вода за секоја намена.
Нашите услуги опфаќаат:
проектирање
изведба
сервис и одржување
тестирање и пуштање во работа на опремата
обука на персонал
Коагулација и флокулација
Нудиме решенија за избор на коагуланти и флокуланти, односно вршење на jar тестови на повеќе полимери на терен и вршење избор на најсоодветен коагулант/флокулант за процесот, испорака на коагуланти/флокуланти, дозерни системи за дозирање и асистенција при подесување на параметрите за дозирање во системот.
Филтрирање
Нудиме комплетни решенија за избор на соодветен вид на опрема за филтрирање согласно влезните параметри на сировата вода. Вршиме проектирање на системи, испорака на опрема, изведба, сервис и одржување.
Деферизација
Со примена на соодветни технолошки решенија, железото се трансформира во нерастворлива форма и се отстранува во понатамошните фази на третман. Овој процес придонесува за подобрен вкус и изглед на водата, како и за сигурна и долготрајна експлоатација на опремата.
Деманганизација
Преку примена на соодветни третмани, манганот се трансформира во нерастворлива форма и се отстранува од водата, со што се обезбедува стабилен квалитет и безбедна употреба на водата во различни системи.
Омекнување на вода
Омекнување на вода е процес при кој од водата се отстрануваат минерали кои овозможуваат таложење на наслаги(бигор), примарно магнезиум и калциум со јонска измена, при што се зголемува ефикасноста и работниот век на опремата. Со овој третман се спречува создавање на каменец, се зголемува ефикасноста и работниот век на опремата, и се подобруваат експлоатационите услови на водоводните и технолошките системи. Процесот обезбедува економична и сигурна употреба на водата за различни намени.