Кариера кај нас
ЦВТ дооел Скопје, основана во 2014 година, е друштво чија основна дејност е инженеринг, технологии и решенија за третман на питка и отпадна вода, сервис и дополнителни услуги како аквакултури, наводнување, проектирање филтер станици, станици за мониторинг на квалитетот на водата во реки, езера, транспорт на вода итн. Креирајќи решенија според потребите на клиентите, нивните цели, ЦВТ применува светски познати технологии, услуги, консултации, секогаш имајќи го предвид пред се деловниот успех на клиентите, оптимизацијата на нивните ресурси, како и заштедата на пари и енергија. За ова ни треба нова енергија, идеи и талент.
Секој што може да се замисли да биде дел од компанија која ги цени проактивните, амбициозните и талентирани луѓе кои се подготвени да учат и да помогнат во развојот на компанијата.
Постојано бараме:
- МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
- СЕРВИСЕР
- ТЕХНИЧКО ЛИЦЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ, ОДРЖУВАЊЕ И МАГАЦИН
Доколку сте заинтересирани за некоја од наведените работни позиции, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: cwt@cwt.mk
Дојдете и придружете се на нашиот тим!