Услови за користење
Пристапот до интернет страната и нејзиното користење подлежи на следниве општи услови. Ве молиме користете ја интернет страната само доколку се согласувате со овие услови.
Информациите кои се обезбедени при користење на услугите не се наменети за диструбуција или користење од физички или приватни лица надвор од јурисдикцијата, поточно онаму каде законските правила не ги задоволуваат барањата на законот во Р. С. Македонија. Доколку ја посетите оваа веб страна од странство имајте предвид дека таквотот постапување е на наша одговорност, поради претходно осигурување дека постапувате во согласност со локалното законодавство што се применува во местото од каде што ја посетувате оваа страна.
Содржината е развиена од Центар за водни технологии ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст ЦВТ). Го задржуваме правото на целосно или делумно менување и укинување на веб страната или условите за користење, и тоа можеме да го правиме без никаква претходна најава. Поради тоа, Ве замолуваме при следната посета повторно да ги разгледате условите за да се информирате за евентуалните дополнувања и измени кои биле направени во меѓувреме.
Пристапот до услугите за цели поразлични од оние за кои е предвидено е строго забрането. Како корисник на услугите, Вие се согласувате:
- Да не прибирате податоци и содржини за да креирате директно или индиректно, колекција, компилација, збирка на податоци и слично без наша пишана согласност.
- Да не наведувате или на било кој начин да ги измамите нас и останатите корисници со цел да дојдете до доверливи информации.
- Да не заобиколувате, оневозможувате или на друг начин да попречите безбедносни карактеристики кои спречуваат или ограничуваат користењето или копирањето на било која содржина или да се поттикне ограничување на користењето на услугите и содржините на веб страната.
- Да не ги користите информациите добиени од веб страната или вработените на ЦВТ за злоупотреба или повреда на други лица.
- Да ги користите услугите во согласност до важечките закони и прописи.
Лични податоци
Собирањето, складирањето и обработката на личните податоци се врши во согласност со Политиката за приватност на ЦВТ, која е достапна тука.
Авторски права
Сите податоци, документи, илустрации и видео записи објавени на оваа веб страна се во сопственост на ЦВТ или партнерските компании на ЦВТ, и строго е забрането превземање и копирање без претходна писмена согласност од ЦВТ
Надлежност
Овие Услови за користење ќе бидат регулирани и дефинирани според законите во Р.С.Македонија, а во случај на спор, одговорен ќе биде надлежниот суд во Скопје.
Со цел разрешување на приговори во врска со услугите или за да добиете дополнителни информации во однос на користење на услугите, контактирајте не на cwt@cwt.mk