Политика за приватност
Политиката на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна или користите некоја од нашите услуги преку истата.
Општи информации кои ги прибираме при посетите на веб-страната
При пристапување на веб страната на www.cwt.mk, општи информации автоматски се прибираат преку колачиња. Овие информации вклучуваат:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел
- Оперативен систем
- Вид на пребарувач и верзија
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле за да ја најдете нашата веб-страна
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 30 дена.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб-страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги и логовите кои се креираат и анализирањето на податоците од посетителите на веб-страната.
Дополнително, преку контакт апликација, се прибираат:
- Име/Презиме
- Емаил
- Телефон
Зошто ги собираме податоците
Личните податоци кои ги собираме преку контакт форм (емаил, телефон) се собираат исклучиво со цел да одговориме на вашето барање или прашање, и доколку вие така побарате, да ве контактираме за понатамошна комуникација поврзана со нашите услуги.
Време на чување на личните податоци
Личните податоци кои ги собираме преку вашето користење на нашата веб страна, автоматски се бришат после 30 дена.
Личните податоци од формите за аплицирање и Newsletter се чуваат 5 години.
Цели за обработка на личните податоци
Вашите лични податоци ги процесираме само за целите наведени во оваа политика за приватност и нема да бидат пренесени на трети страни за цели поразлични од оние наведените. Вашите податоци може да ги пратиме на трети страни само ако:
- Имате дадено посебна согласност за тоа
- Префрлањето е неопходно за исполнување на обврските според договор за соработка со Вас
- Префрлањето е неопходно за да се исполни законска обврска
Newsletter
Врз основа на ваша изрична согласност, редовно ќе ви праќаме newsletter на вашата емаил адреса.
За да примате newsletter доволно е да ја оставите вашата емаил адреса во соодветното поле за newsletter. Кога се регистрирате за newsletter, податоците кои ги оставате ќе бидат користени исклучиво за таа намена. Најавените лица можат да бидат известени преку емаил за околности релевантни за услугата или регистрацијата (на пр. промени на понудата за newsletter или технички околности)
За ефективна регистрација потребно е валидна емаил адреса. Податоците ќе бидат користени исклучиво за таа намена и нема да бидат пренесени на трети лица.
Можете да ја откажете согласноста за чување на вашите лични податоци и нивното користење за newsletter во секое време. Во секој newsletter ќе најдете соодветен линк за тоа.
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со онлајн услугите достапни преку интернет страната на ЦВТ ДООЕЛ, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за Вас и/или Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон.
Кои се вашите права?
Можете да ги остварите вашите права во секое време, и тоа:
- Право на пристап до личните податоци
- Право на исправка на неточните податоци
- Бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката на личните податоци
За дополнителни информации и/или остварување на вашите права контактирајте не на cwt@cwt.mk
Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци е Центар за водни технологии ДООЕЛ Скопје во натамошниот текст ЦВТ ДООЕЛ, со седиште Никола Тесла 22 2-3, Карпош 1, 1000 Скопје, Р.С. Македонија.
Личните податоци се собираат и обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Го задржуваме правото во секое време да ја менуваме Политиката на приватност со цел да биде во согласност со законските барања или за имплементација на промените на нашите услуги. Во тој случај условите на новата политика за приватност ќе бидат важечки од вашата следна посета на веб-страната.