Со голема гордост и радост, би сакале да му честитаме на нашиот колега Јане за освоената награда за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет – насока Хидраулично енергетско инженерство, како и признанијата кои ги доби за својот извонреден успех.
Во CWT сме особено горди и среќни што Јане е дел од нашиот тим. Неговата посветеност, знаење, иновативен пристап и инженерска визија претставуваат вистинска вредност за компанијата и за идните проекти на кои работиме.
Успехот на Јане не е само академски — тој е резултат на знаење, посветеност и практична инженерска работа. Како еден од клучните членови на тимот MES Racing – Formula Student Macedonia, учествуваше во создавањето на првиот македонски Formula Student тркачки автомобил и во претставувањето на Македонија на меѓународната инженерска сцена. Во рамки на тимот за аеродинамика, Јане имаше значајна улога во развојот и оптимизацијата на возилото, придонесувајќи кон проект што претставува важен чекор за македонското инженерство и проект кој ќе остане одржлив и во наследство на младите студенти – инженери во државата.
Паралелно со овие успеси, Јане веќе повеќе од една година е дел од тимот на — компанија чија визија е: иновативни технологии за иновативни решенија, каде колегата е дел од развојот на проекти кои вклучуваат современи системи за третман на отпадни води, еколошки и енергетски ефикасни решенија, индустриски инженерски системи и одржливи технологии и иновации.
Успехот на Јане е гордост за нас, за Машински Факултет Скопје, за инженерската професија и за Република Македонија — доказ дека младите македонски инженери можат да создаваат проекти со европско ниво и светски потенцијал. Веруваме дека токму со вакви млади инженери ќе продолжиме да развиваме современи и одржливи решенија што придонесуваат за технолошки напредок и подобра иднина.
Честитки Јане — продолжи да инспирираш!