Сертификати
Сертификатите за нашата компанија претставуваат уште еден доказ за градење доверба со клиентите, осигурување усогласеност и подобрување на оперативната ефикасност во индустријата на третман на вода. Со стекнување на сертификати, ние го докажуваме квалитетот кој го нудиме, што е клучно за да придонесеме за квалитетна вода за пиење и правилно прочистување на отпадната вода и нејзино враќање во природниот циклус.
ИСО Сертификати
Посветени сме на подобрување на заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето при работа и контролата на квалитетот и на тој начин успешно ги имплементиравме следните стандарди:
ISO 9001:2015
стандард за систем за управување со квалитет
ISO 14001:2015
стандард за систем за управување со животната средина
ISO 45001:2018
стандард за систем за управување со здравје и безбедност при работа
Наградата за Најголем напредок на услугите за сервисирање на XYLEM опрема
На Годишната конференција на Xylem дистрибутери за 2019 година, одржана во Прага, ја добивме наградата за Најголем напредок на услугите за сервисирање на XYLEM опрема за проектите за ПСОВ во Македонија.
Преку нашата експертиза, со примена на најсовремени методи и технологии, да обезбедиме квалитетни и ефикасни инженерски решенија за третман на питка вода и отпадни води, аквакултури, наводнување, проектирање филтер станици, станици за мониторинг на квалитетот на водата во реки, езера, градиме долгорочни односи со нашите клиенти кои се базираат на професионалност, доверба, искреност и квалитет.