Реверзна осмоза
Што е реверзна осмоза?
Реверзна осмоза (RO) е современа технологија за филтрација на вода, која отстранува широк спектар на контаминации. Процесот се базира на поминување на вода под притисок низ полу-пропустлива мембрана, која пропушта само молекули на вода, додека поголеми молекули, растворени соли, јони, бактерии и останати загадувачи се задржуваат и се испуштаат како концентрат.
Со RO технологијата, водата станува чиста, безбедна за пиење и погодна за индустриски и домашни апликации.
Како функционира реверзната осмоза?
Реверзната осмоза работи на принцип каде водата се принудува да помине низ мембраната со притисок поголем од осмотскиот, со што растворените соли, бактерии и други загадувачи се отстрануваат.
Основни компоненти на RO системот:
Полу-пропустлива мембрана: Пропушта само молекули на вода, задржувајќи соли, бактерии и органски материи.
Пумпа за надпритисок: Обезбедува потребен притисок за поминување на водата низ мембраната.
Предфилтри: Отстрануваат поголеми честички, песок и талог, за заштита на мембраната.
Дополнителни компоненти: Може да вклучуваат филтри со активен јаглен, UV стерилизатори и филтри за реминерализација.
Процес на третман на вода:
Вода влегува во системот – сировата вода се подготвува за филтрација.
Предфилтрација – отстранување на големи честички и загадувачи.
RO мембрана – водата се прочистува под висок притисок.
Отпадна вода – контаминациите се одстрануваат од системот.
Складирање на чиста вода – прочистената вода се собира во резервоар и е подготвена за употреба.
Иако реверзната осмоза е многу ефикасна во отстранувањето на многу контаминации, таа не може да отстрани сите видови на загадувачи. На пример, некои гасови кои може да поминат преку мембраната. За дополнителна заштита, многу системи за реверзна осмоза вклучуваат и други методи за пречистување, како што се активен јаглен или UV стерилизација.
Што отстранува реверзната осмоза?
RO технологијата е ефикасна во отстранување на:
Тешки метали: олово, жива, кадмиум, арсеник, железо.
Соли и минерали: натриум, калциум, магнезиум, хлориди (важно за десалинизација).
Бактерии и вируси: обезбедува безбедна вода за пиење.
Хемикалии и пестициди: органски соединенија, хербициди и пестициди.
Органски материјали: феноли, хлорирани соединенија, остатоци од лекови.
Тврди честички: песок, прашина, алги.
Органски отпад: за подобар вкус и мирис.
Предности на реверзна осмоза
Ефективно прочистување: Отстранува тешки метали, соли, бактерии, вируси и хемикалии.
Подобрување на вкусот и мирисот: Органските материјали се отстрануваат, водата е вкусна и без мирис.
Лесно одржување: Индикации за замена на мембрани и едноставен сервис.
Без хемикалии: Процесот е еколошки прифатлив.
Висок степен на чистота: Клучно за фармацевтска и прехранбена индустрија.
Заштита: Безбедна употреба за домаќинства и индустрии.
Што опфаќа нашата понуда
Решенија за третман на вода прилагодени на анализа на сировата вода.
Компоненти од реномирани светски производители.
Ниво на автоматизација според потребите на корисникот.
Системи по принцип “клуч на рака”.
Понатамошно одржување и сервис согласно интервалите дефинирани од производителите.