Реконструкција и Надградба на Филтерна станица во Василево

По дваесет години користење, филтерната станица при ЈКП “Tурија” во општина Василево беше подложена на значајна реконструкција. Проектот вклучи две фази: Првата фаза опфати набавка, монтажа и пуштање во употреба на нова опрема, како и замена на нефункционалната постоечка опрема со нова, а во втората фаза беше извршена замена на медиумот за филтрирање на веќе постоечките песочни филтри.

Опсег на работата:

  1. Набавка, испорака, монтажа, калибрација и пуштање во работа на нова процесна опрема за мониторинг на сировата вода: процесен PH метар и процесен турбидиметар со интегиран самочистечки модул и мерач на проток (калибрација на опремата според условите и процедурите)
  2. Набавка, испорака, монтажа и промена на контролери на песочни филтри за навигација на повратното перење (калибрација, параметрирање и поставување на контролерите според условите и процедурите)
  3. Сервис на постоечкиот филтер за предфилтрација на сировата вода
  4. Набавка, испорака, инсталација и пуштање во употреба на систем за дезинфекција на пречистената вода со натриум хипохлорид
  5. Набавка, испорака и промена на филтерски медиум – песок и хидроантрацит на 6 посотечки песочни филтри

 

Предизвик:

Да се врати сервисира и модернизира постоечката филтерна станица, со цел подобрување на целокупниот технолошки процес и подобрување на квалитетот на прочистената вода за пиење.

Бенефит:

Реконструираната филтерна станица во општина Василево им обезбеди на жителите можност да живеат во места со третирана и чиста вода, што значи во чиста и здрава животна средина.

  • Пречистителна станица во Василево
  • Пречистителна станица во Василево
  • Пречистителна станица во Василево
  • Пречистителна станица во Василево