Пречистителна станица за вода за пиење за општина Карбинци
Нова пречистителна станица која се наоѓа во општина Карбинци ќе ги снабдува општината и околните села со вода за пиење. Искористена е вода од реката Злетовица која е третирана со технологија на филтрација со употреба на груби филтрациони и ултрафилтрациони единици. Дизајнот на станицата за третман на вода за пиење е за капацитет од 40 l/s вода.
Опсег на работата:
ЦВТ дооел Скопје беше ангажиран за набавка, испорака, монтажа и пуштање во работа на опремата во процесот за преработка на вода, односно опрема за гасно хлорирање, дозирни системи, опрема за предфилрација, процесна опрема за мерење на кваалитет на вода, арматури, систем за рециркулација и комплет цевководи. Беше инсталирана следната опрема:
Опрема за дефинфекција со гасен хлор: систем за автоматско гасно хлорирање со капацитет до 200g/h CL2, мерна регулациона опрема (анализатор на хлор, сензор за детекција на хлор во воздух и управувачки ормар), систем за неутрализација, систем за автоматско затворање на боци (shut-off).
Дозирни системи: Дозирни системи за дозирање на хемикалии во процесот на преработка на вода со капацитет до 120 l/h и работен притисок до 16bar. Инсталирани се 5 системи за дозирање на хемикалии.
Самочистечки филтер за сирова вода: Автоматски самочистечки филтер со степен на филтрација од 130 микрони и површина на филтрирање од 6.800 cm2.
Процесна опрема за мерење на квалитет на вода: Мерна опрема за мерење на pH, матност, електроспроводливост и редокс во три точки од процесот на пречистување.
Арматури: Комбиниран хидрауличен вентил за регулација на притисок и проток на сирова вода, сигурносен вентил, изолирачки вентили со актуатори, димензии до DN350.
Цевководи: Комплет цевководи изработени од некородирачки челик и ХДПЕ со димензии до DN350.
Резултат:
Пречистителната станица е пуштена во употреба во 2024та година и функционира исправно. Денес обезбедува питка вода за потребите на населението на општина Карбинци.
Бенефит:
новата пречистителна станица за пиење ќе обезбеди безбедна, питка и чиста вода за општината и сите околни села.