Пакетна пумпна станица за комунална и индустриска отпадна вода во општина Илинден
Транспортот на комунални и индустриски отпадни води од доводниот колектор беше проблем со кој се соочуваше општина Илинден, каде при ограничен простор за поставување пумпна станица, тимот инженери на ЦВТ понуди решение за поставување на пакетна пумпна станица со длабочина од 7 метри. При инсталација на оваа пумпна станица, предизвикот кој се јави беше подземната вода на местото предвидено за пумпна станица, како и опасност од слевање на земја.
Пакетната пумпна станица изработена од GRP со висина од 7м беше испорачана комплетно со целокупната инсталациона опрема во пумпната станица вклучувајки:
- потисни колена од дуктилно железо,
- потисни линии, водилки, држачи за водилки и ланци за подигање на пумпите од некородирачки челик INOX 316L,
- вграден капак на самата пакетна станица изработен од GRP вклучувајки и заштитни решетки.
- Специјално обликувано дно за самочистење на пумпната станица изработено од GRP кое со својот облик оптимално ги насочува цврстите честички кон всисниот дел на пумпите со цел максимално да се исцрпи талогот на дното.
Во пакетната пумпна станица беа инсталирани две потопни пумпи наменети за работа со отпадна вода од производителот FLYGT со заеднички капацитет од 130l/s. Истите пумпи ја користат најуспешната технологија за испумпување на отпадни води со помош на самочистечко адаптивно полуотворено работно коло (N-адаптивно работно коло).
Ова овозможува автоматска адаптација на системот, што резултира со зголемена енергетска ефикасност и намалување на оперативните трошоци. Самочистечката способност на пумпите е особено важна, бидејќи ја минимизира потребата за интервенција и одржување, што е клучно за постигнување на економска исплатливост.
Предизвик:
Успешна монтажа на пакетната пумпна станица со капацитет од 130 l/s во услови на терен коишто не дозволуваат друг начин на изведба во однос на простор, услови на терен (монтажа во муљна земја) и конекција со доводна цевка на длабочина од 4 метри.
Бенефит:
Препумпување на отпадната вода од доводниот колектор до новопроектирана пречистителна станица.
- Date: November 8, 2024
- Category: Индустрија за третман на отпадна вода















