Правилна грижа на pH електрода и калибрација на pH метар

pH електрода

За да се обезбеди точност и сигурност во резултатите, неопходно е pH електродата да биде во оптимална состојба. Прецизното мерење на pH вредноста е клучен параметар во различни сегменти од третманот на вода – од изворска и питка вода, до отпадни и индустриски процесни води. Следуваат упатства за нејзина секојдневна грижа, редовно одржување, периодична калибрација и навремена замена.

Упатства за грижа на стаклени pH електроди

Основата на точното мерење е избор на соодветен инструмент и негово користење согласно препораките од производителот. Разбирањето на технологијата што стои зад стаклените pH електроди (види Слика 1) овозможува подобра грижа и правилна употреба.

Клучни насоки:

  • Никогаш не дозволувајте наслаги да се задржуваат на врвот на електродата.
  • Не чистете агресивно со хартија, може да се оштети чувствителната површина.
  • Најважно: не дозволувајте електродата да се исуши. Чувајте ја во специјално заштитен капак со електролит (не во дестилирана вода), за да се зачува гел слојот кој е суштински важен за мерење на активноста на водородните јони.

Изложеноста на температури над 35°C може да предизвика забрзано стареење на стаклената мембрана. После мерења во примероци со тешки метали, сулфиди, флуориди или протеини, секогаш исплакнете темелно. Во спротивно, може да дојде до загадување на растворот за чување.

Решавање на проблеми при pH мерење

Проблемите често произлегуваат од неправилно ракување, наслаги на електродата или природно стареење. Примери:

  • Неочекувани или нестабилни вредности
  • Бавно реагирање
  • Неможност за калибрација

Во овие случаи, проверете дали електродата е чиста од масти, масла или неоргански честички. Ако чистењето не помага, следува повеќечекорен процес на рекалибрирање на pH метарот. Ако и по рекалибрирање добивате нестабилни вредности, потребна е замена pH метарот.

Препорачани практики за одржување на pH електрода

Превентивно одржување:

По секоја употреба, електродата на pH инструментот треба да се исплакне со чиста вода. Кај уредите со електрода во форма на пенкало, задолжително е повторно праќање на електродата во капачето (soaker cap) кое е полуполнето со соодветен раствор за електродата. Ова го спречува сушењето на стаклената електрода, како и таложењето на нечистотии од воздухот врз стаклената мембрана.

Сушење на површината на електродата може да доведе до:

  • успорено време на одговор,
  • потешкотии при калибрација,
  • и/или значително скратен работен век.

Периодично одржување:
Кај сите pH метари е потребно редовно проверување на калибрацијата, најмалку двапати месечно, а при интензивна употреба и почесто.
„Покрај чистењето, некои pH електроди ќе бараат дополнително одржување, како дополнување на електролитскиот раствор. Бидејќи pH електродите значително се разликуваат од еден до друг производител, многу е важно да се следат инструкциите од производителот за чистење и одржување.“

Рекалибрација / Обнова на pH електрода:
Кога е потребна, калибрацијата може да се изведе во една точка, две или три точки, во зависност од природата на работата. Калибрација во три точки со буферски раствори на pH 4, pH 7 и pH 10 се смета за најпрецизна и најпосакувана.

При калибрација:

  • Сензорот мора да биде целосно потопен во буферски раствор, без да ја допира страната или дното на садот, за да се избегнат грешки.
  • Секогаш проверувајте ја точноста на калибрацијата со мерење во стандарден референтен раствор по калибрацијата.
  • Користете само свеж буферски раствор за калибрација и посебна, нова доза за проверка. Никогаш не враќајте искористен раствор назад во оригиналното шише.
  • При мерење, нежно промешајте ја раствората за да избегнете присуство на воздушни меурчиња што можат да предизвикаат погрешно читање.

Замена на pH електрода:
Иако правилното одржување може да го продолжи животниот век и точноста на pH електродите, ниту една електрода не е дизајнирана да трае бесконечно. Лошото ракување или одржување може да доведе до побрзо стареење на истите.

Ако pH електродата:

  • реагира бавно или има нестабилни вредности,
  • прикажува „нереални“ вредности,
  • или ако се сомневате во точноста на читањата,

потребно е да се изврши тестирање, чистење и обид за рекалибрација според процедурите препорачани од производителот.

pH електродите што се контаминирани со супстанции од примероците можат (но не секогаш) да се обноват со третман со изопропанол или раствор на калиум хлорид и потоа да се рекалибрираат. Ако ни по овој процес сензорот не може да се калибрира точно, неопходна е негова замена.

Секогаш следете ги упатствата за рекалибрација и регенерација од производителот, или побарајте нов примерок од упатството преку интернет.

Замена и сервис – со поддршка од ЦВТ

Иако правилната грижа и одржување можат значително да го продолжат животниот век на електродата и точноста на pH измерените вредности, сепак секоја електрода има свој животен век. ЦВТ нуди професионална услуга за набавка на нови електроди од реномираните брендови HACH и WTW, како и техничка поддршка и сервисирање на постоечка мерна опрема купена од нас.

Нашиот тим на инженери обезбедува:

  • Брза и стручна дијагностика на инструменти
  • Замена со квалитетни електроди од водечки светски производители
  • Редовен или итен сервис на терен или во наш сервисен центар
  • Обука и совети за калибрација и одржување

Линк до оригиналниот текст: https://bit.ly/3Yvkrca

Извор: Myron L Company
(превод и адаптација од ЦВТ – Центар за Водни Технологии)