Унапредување на системот за снабдување со вода во Гостивар

За потребите на ЈП Комуналец-Гостивар, за снабдување со вода од резервоар, во итни случаи т.е. во случај на пожар, беше развиено решение за автоматско отворање на пеперуткаст вентил. Целиот систем беше дизајниран за актуаторот, произведен од AUMA, да може да го отвори пеперуткастиот вентил, произведен од VAG, по добивање на сигнал, што значи обезбедување на вода од резервоарот во случај на пожар.

 

Опис на активности:

  • Набавка, монтажа и пуштање во работа на следната опрема:
  1. Пеперуткаст вентил DN 400 mm, PN 10 bar, производител VAG;
  2. Актуатор тип2, производител AUMA;
  3. Контролна табла за контрола на електромоторен вентил;
  4. FF парче DN 400 mm, PN 10 bar

Предизвик:

Градот Гостивар има резервоар во кој насобраната вода не може воопшто да се користи заради тоа што не е чиста и не може да се користи ни за пиење ниту за наводнување.

Водата од резевоарот може да се користи како вода за итни случаи т.е. во случај на пожар некаде во градот.

Заради начинот на живот во ова денешно, модерно време, каде повеќе од процесите и опремата се автоматизирани, овој проект ја задоволи потребата за дизајн на автоматизиран процес во случај на пожар во градот, каде отворањето или затворањето на вентилот нема да зависи од човечки фактор, односно ќе се добие побрза и поефикасна реакција на системот, за многу пократко време, што значи намалување на можноста од поголеми штети.

Резултат:

Како резултат, дизајнираниот систем, со комбинирање на производите од VAG и AUMA, му донесе на градот Гостивар извор на вода кој може да се користи во случај на пожар, односно претходно комплетно нефункционалниот резервоар, полн со вода која не можеше да се користи за било која намена, сега е веќе во функција.

  • Унапредување на системот за снабдување со вода во Гостивар
  • Унапредување на системот за снабдување со вода во Гостивар
  • Унапредување на системот за снабдување со вода во Гостивар
  • Унапредување на системот за снабдување со вода во Гостивар