Телекомуникациски метриски систем за мерење на проток на вода

Главниот извор за снабдување со вода за пиење на главниот град Скопје, Р.С. Македонија беше опремен со ултразвучно мерен уред за брзина, температура, мерење на длабочината на водата и пресметка на протокот на вода. Овој уред овозможува прецизни мерења и речиси нула одржување и рекалибрирање.

Уредот доставува податоци во центарот на секои 15 минути и овозможува секогаш навремени информации. Целосно снабден со телеметриска единица за пренос на податоци директно од уредот до базата на податоци што овозможува следење на податоците во секое време и од каде било, од лаптоп или од мобилен телефон.

Опсег на работата:

  • Набавка, инсталација и пуштање во употреба на следната опрема:
  1. Sontek IQ standard/plus – measurement device;
  2. Data logger – AddCon Telemetry unit ;

 

Предизвик:

Поради неправилната форма на каналот, овој проект беше многу предизвикувачки да се изведе но и да се добијат точни податоци за измерените параметри. Главен проблем беа турбуленциите кои се појавија само во еден дел од каналот и дополнително го отежнуваа одредувањето на точните мерења. Но, благодарение на Sontek најголемиот дел од проблемот беше надминат.

Резултат:

Изворот Рашче како природно богатство за градот Скопје, се збогати со нов ултразвучен мерен уред, преку кој ќе се добиваат прецизни и точни податоци за карактеристиките на изворот на вода и врз основа на истите ќе се оправува со останатата хидро-механичка опрема.

  • телеметриски
  • телеметриски
  • телеметриски
  • телеметриски