Надоградба на Филтер Станица Добрашинци
На Филтер Станицатата Добрашинци монтиран е автоматски самочистечки филтер со пропустливост од 50 микрони, со кој што е постигнато со што е значајно подобрен процесот на филтрација на сирова вода што допринесува на намалување на потрошувачка на коагуланти и флокуланти и намалување на оптеретерувањето на песочните филтри. Дополнително инсталирана е опрема за мониторинг на квалитетот на пречистената вода. Поставени се процесен турбидиметар со контролер и процесен pH-метар со кои континуирано се следат параметрите за матност и pH на вода, од брендот Hach.
Со поставувањето на новата софистицирана технологогија постоечката филтер станица Добрашинци претставува пример за успешна примена на современи инженерски решенија во третманот на вода, обезбедувајќи долгорочни придобивки за заедницата и околината.
Со ова Филтер станицата Добрашинци е модернизирана и надоградена, а бенефитот е значајно подобрување на квалитетот на пречистената вода.
Основана во 2015, CWT е препознаена компанија по иновативните технологии и решенија за третман на вода кои ги нуди. Со силна посветеност кон обезбедување квалитет на нашите клиенти, ние изградивме репутација во изнаоѓање решенија за предизвиците поврзани со водата.
| Име на проектот: | Надоградба на Филтер Станица Добрашинци |
| Период: | Октомври 2024 |
| Регион: | Добрашинци, Струмица |
| Сегмент: | Третман на вода за пиење |
| Примена: | Третман на вода |
- Date: December 23, 2024
- Category: Индустрија за водоснабдување





