Дренажни пумпи Flygt Ready, a Xylem Brand

flygt ready

Во ЦВТ, она што можеме да го понудиме на нашите клиенти се високо квалитетни и иновативни решенија, како и производи за третман на водата. Како официјален партнер на брендот Flygt за Македонија, со задоволство ви ја претставуваме и серијата дренажни пумпи Flygt Ready.

Без разлика дали се работи за градежни или индустриски локации, шахти, бунари или други тешко достапни локации, ќе бидете подготвени за одводнување на самото место со серијата преносливи дренажни пумпи Ready од Flygt, бренд на Xylem. Изградени со компактен мотор и лесни материјали, дренажните пумпи се лесни за носење, инсталирање и сервисирање. Овие пумпи лесно се вклопуваат и можат исто така лесно да се складираат во сервисни возила за брз одговор при наплив на вода во текот на работата.

Flygt Ready дренажните пумпи (Flygt Ready 4, 8, 8s, 4L) се дизајнирана да работат во тешко пристапни локации, лесно отстранувајќи ја контаминираната вода, па дури и водата што содржи песок и чакал со можност за испумпување цврсти честички со дијаметар до 38mm. Достапни со моќност од 0,4 до 0,9 kW, овие преносни пумпи за одводнување се лесни и дизајнирани за професионална употреба.

Зошто да Изберете Flygt Решенија со нас?

Како официјален партнер на Flygt во Македонија, ЦВТ е посветен на обезбедување на извонредна поддршка и експертиза. Нашиот тим е обучен да обезбеди највисок квалитет на услуга и има поминато обука за ракување со опремата во самите сервис центри на производителот. Со изборот на Flygt пумпи, добивате: 

– Експертски совет од нашите обучени професионалци. 

– Локална поддршка со брзи одговори и пристап до најсовремена технологија од Flygt. 

– Сервис услуга од нашите сервис инженери.

Максимизирајте го Животниот Век на Вашите Пумпи со Flygt

Инвестирањето во дренажните пумпи од Flygt Ready серијата осигурува дека вашите пумпи ќе работат со најдобри перформанси, намалувајќи ги оперативните трошоци и избегнувајќи непредвидени прекини во работата. Без разлика дали се работи за ПСОВ или индустриски пумпни системи, производите од програмата на Flygt се дизајнирани да обезбедат долгорочна вредност и доверливост.

За ЦВТ

ЦВТ е водечки лидер на квалитетни решенија за вода и отпадни води во Македонија. Како официјален партнер на Flygt, нудиме иновативнии квалитетни решенија и услуги кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти. Ги поддржуваме компаниите од инсталацијата до континуираното одржување на системите, осигурувајќи долгогодишен успех и оперативна ефикасност.