Превземете контрола врз управувањето со отпадната мил на пречистителните станици – со прецизно и континуирано мерење со Hach Sonatax sc
При третман на отпадни води, особено кај примарните и секундарните таложници, познавањето на точното ниво на мил во секое време е од клучно значење. Традиционалните методи, како рачно земање примероци или визуелни инспекции често знаат да предизвикаат непотребна употреба на хемикалии, или неправилна рециркулација на отпадната мил, што може да доведе до проблеми во третманот на отпадните води.
Клучни придобивки на Hach Sonatax sc:
• Стабилни процеси благодарение на моментални податоци за нивото на отпадната мил;
• Намалени оперативни трошоци преку оптимизирана употреба на хемикалии и енергија;
• Подобрен квалитет на пречистена вода со поефикасно отстранување на цврстите материи;
Зошто Sonatax sc?
• Прецизно ултразвучно мерење кое се приспособува на реалните услови во таложникот;
• Самочистечки модул за сигурни резултати и во најтешки средини;
• Фабрички калибрирана сонда за долготрајна стабилност;
Sonatax sc е дигитална ултразвучна сонда која континуирано го мери нивото на отпадна мил во таложниците со отпадна вода на пречистителните станици. Со лесен софтвер за интегрирање и следење на податоците во реално време – добивате точни и прецизни резултати каде и да сте, кога и да ви треба.
Побарајте повеќе информации или понуда на cwt@cwt.mk
ЦВТ, како водечки лидер во индустријата за третман на вода, неуморно работи на развој и примена на иновативни технологии. Наша мисија е да обезбедиме чиста и питка вода за сите, континуирано следејќи ги најновите трендови и научни достигнувања. Со посветеност на квалитетот и одржливоста, се стремиме да ги подобриме стандардите за третман на вода и да ја заштитиме животната средина.
