Шахтите и пумпните станици се критични делови од инфрастрктурата за отпадна вода, големи потрошувачи на енергија, оперативни трошоци и друго. Затнатите пумпи можат да доведат до прекини во работата на ифраструктурата за отпадна вода, скапи интервенции и дополнителни проблеми. Со ограничени ресурси, комуналните претпријатија постојано се обидуваат да постигнат повеќе со помалку. Стареењето на опремата, ограничените буџети и новите барања за енергетска ефикасност дополнително ги усложнуваат операциите.
Комуналните претпријатија имаат потреба од решенија што можат да се прилагодат и да парираат на светот што постојано се менува. Затоа Flygt, бренд на Xylem, ја претстави серијата пумпи Concertor, паметна пумпа дизајнирана да се справи со сите овие предизвици и повеќе. Со вграден фреквентен регулатор (VFD) и електроника, Concertor може да ги намали потребите за работна сила, резервни делови, потрошувачка на енергија и многу повеќе. Во исто време, пумпата е лесна за користење и високо прилагодлива според специфичните потреби за секоја примена, овозможувајќи беспрекорно пумпање без застој во работата за целиот животен век на истата.
Помалку затнувања и помалку чистење
Еден од најголемите трошоци кога станува збор за пумпни станици се затнувањата. Отпадната вода со примеси на крупни честички често доведува до затнување на работното коло на пумпите, со што операторите се принудени да се упатат кон локацијата и рачно да ја вратат пумпата во функција. За тоа време, водата може да продолжи да се акумулира при што потребно е пуштање во работа на резервните пумпи. Concertor- пумпата ги надминува овие проблеми со користење на две клучни карактеристики:
1. N адаптивно работно коло. Овој уникатен дизајн му овозможува на работното коло да се движи аксијално нагоре при контакт со крупни честички и надолу во првобитната позиција по вратилото, намалувајќи го ризикот од затнување.
2. Сензори за детектирање на високи вртежни моменти и струи. Кога сензорот детектира промена во вртежите како резултат на затнување, тој автоматски ја менува насоката на работното коло со цел негово одзатнување. Доколку и при промена на насоката на ротација на работното коло не се постигне одзатнување, истото ќе продолжи наизменично да ја менува својата насока на ротација до 13 пати (параметар утврден преку фабричко тестирање) или додека затнувањето не се отстрани, што и да се случи прво. Иако веројатноста е мала, доколку не се постигне одзатнување на пумпата по 13 обиди, истата ќе се исклучи и ќе ги извести операторите дека е потребна интервенција.
Покрај намалената потреба за одзатнување на пумпите од страна на операторите, Concertor пумпите можат да ја минимизираат потребата од рачно чистење на шахтите. Во присуство на маснотии, масло и маст, пумпата има доволно моќност да ја испумпа отпадната вода, минимизирајки ги мирисите, како и потребата од посета на лице место за решавање на овој тип на проблем.
Помала потреба за резервни делови
Поради континуирано зголемување на населението, комуналните претпријатија често имаат проблем со прифаќање на новиот капацитет на отпадна вода, што резултира со потреба од формирање на нови препумпни станици, или дополнителна опрема со цел соодветен одговор на бараниот капацитет. Пумпите Concertor се достапни во три големини: 3”, 4”, и 6”, поседуваат функционалност со која истите се прилагодуваат на дотокот на отпадни води, преку промена на брзината на пумпата, покривајки широко работно подрачје и во случај кога дотокот на вода во пумпните станици се намалува или зголемува. Со оваа функционалност се намалува потребата од дополнителни препумпни станици. Concertor исто така може да послужи како резерва при итна потреба за повеќе пумпни станици, со што понатамошно ја скратува потребата од дополнителни залихи.

Лесни за ракување, лесни за адаптирање
Concertor пумпите се создадени со цел да бидат user-friendly, што значи дека операторите можат да ги користат со минимална обука и без посебни технички вештини.
-Пумпата користи едноставен интерфејс со екран на допир што може да го користи секое лице со основна компјутерска писменост. Софтверот може да се инсталира и постави со помош на техничка поддршка од производителот (асистент).
-Concertor може да се програмира и прилагоди со помош на контролниот систем Multismart Powered by Nexicon (MSPBN) и програмскиот јазик CODESYS. CODESYS им овозможува на операторите со малку или никакво искуство со кодирање да додаваат контроли, команди или алгоритми за да активираат аларми под одредени услови, да работат со пумпите за специфични барања и друго.
Заштеда на енергија
Кога се користи комплетниот систем Xylem Pump Controller (XPC) преку MSPBN, Concertor пумпата воспоставува точка на најдобра ефикасност, брзина со која може да продолжи да го прифаќа капацитетот на отпадна вода, притоа обезбедувајки најмала потрошувачка на енергија.
Иако употребата на фрекфентни регулатори и електроника под вода може да звучи комплицирано, водата обезбедува природно ладење што ја елиминира потребата од внатрешни вентилатори или други системи за одржување на оптимална температура кои дополнително трошат енергија.
Долгорочен поврат на инвестицијата
Иако почетната цена за Concertor може да биде поголема од цената за традиционалната пумпа, долгорочната повратна инвестиција (ROI) е поголема и значајна благодарение на намалената потреба од резервни делови, намален број на интервенции и значително помала потрошувачка на енергија. Едноставноста на користењето и прилагодувањето на самата пумпа ја елиминира потребата за квалификувани работници. Генерално, како целосно интегриран интелигентен систем за пумпање отпадни води, Flygt Concertor овозможува пумпање без проблеми и задоволување на речиси сите системски барања.
Текстот е превземен и адаптиран од: https://bit.ly/439ILSp
