Отстранувањето на воздухот од цевките е клучно за правилното функционирање на системот. Присуството на воздух во цевките може да се забележи преку одредени знаци, како на пример звуци на тропање или клокотење кои се појавуваат кога воздухот минува низ вентилите или другите делови од системот.
Флуктации на притисокот: Доколку има воздух во цевките, можни се флукации во притисокот на цевките, што може да се одрази на перформансот на работата на системот.
Намалување на протокот: Намалувањето на протокот на вода низ системот може да укажува на појава на воздух во цевките, кој влијае на количината на течност што се доставува до компонентите во системот.
Пад на притисокот: Воздухот во цевките може да го намали притисокот во системот, намалувајки ја ефикасноста во истиот.
Вибрации: Воздухот во цевките може да предизвика вибрации во системот, што ќе допринесе до зголемена амортизација и негово потенцијално оштетување.
Зошто настанува/се формира воздух во цевките?
Воздух може да се формира во цевките од неколку причини:
Механички оштетувања на цевките: Доколку постојат пукнатини или процепина ѕидовите на цевките, може да дојде до навлегување и акумулирање на воздушна маса во истите.
Промени во притисокот: Промени во притисокот во системот предизвикани од отварање или затворање на вентили или вклучување/исклучување на пумпа може да предизвика акумулација на воздух во цевките.
Пад на нивото на течност во резервоарот: Доколку нивото на течност во резервоарот не е доволно за исполнување на целата цевка, можно е навлегување на воздух во празниот дел од истата.
Проблеми со системот за одводнување: Појава на отпад и други честички кои го попречуваат природниот тек на водата во дренажниот систем, може да бидат причина за навлегување на воздух во цевките, оневозможувајки ефикасна дренажа.
Проблеми со инсталација: Неправилната инсталација на цевките доведува до појава на шуплини преку кои може да дојде до навлегување и акумулација на воздух во системот.
Отстранувањето на воздухот од цевките е од голема важност, со цел правилно функционирање на системот и намалување на можноста за оштетување на цевките или другите делови од истиот.
Како да се елиминира воздухот од цевките?
Користете вентили за ослободување на воздухот: инсталирањето вентили за ослободување на воздухот во високи точки на системот може да спречи формирање на воздушни џебови во цевководот. Ова го намалува акумулирањето на воздухот во цевководот додека системот е под притисок.
Другата функција на воздушниот вентил е да внесува воздух во системот кога внатрешниот притисок на цевководот паѓа под атмосферскиот притисок. Со внесување воздух во цевководот додека се развива состојба на вакуум во внатрешноста на цевководот, големината на вакуумскиот притисок може да се намали и како резултат да помогне да се спречи прекумерното отклонување и/или колапс на цевководот, како и да се спречи формирање на целосна вакуумска состојба во кои може да се формираат парни шуплини од испарувањето на течноста.
Важно е да ги следите упатствата на производителот кога користите некој од овие уреди за да го отстраните воздухот од цевките. Исто така, се препорачува квалификуван професионалец да ја изврши оваа задача безбедно и ефикасно.
Каква е штетата од воздух во цевките?
Присуството на воздух во цевките може да предизвика нивно кршење, особено ако притисокот на воздухот е многу висок или ако има флуктуации на притисокот во системот. Триењето и притисокот на воздухот може да ја оштетат цевката и да предизвикаат нејзино оштетување. Дополнително, присуството на воздух во цевките може да влијае на ефикасноста на системот и да предизвика дефект на деловите, што доведува до оштетување на цевководот.
Воздушни вентили од брендот Aquestia
Воздушните вентили на Aquestia нудат системски решенија за заштита на цевководите од појава на заробен воздух, а со тоа заштита од дефлекција, пукање и кинење на цевководот кој доведува до појава на големи штети на околината, т.е. загуби поради протекување, патогени и други загадувачи кои се ослободуваат преку пукнатините на цевките, како и енергетски загуби. Овие вентили ефикасно ослободуваат задржан воздух и спречуваат формирање на воздушни џебови, осигурувајќи непречено и континуирано протокување на течноста.
За разлика од другите вентили, Воздушните вентили од брендот Aquestia се дизајнирани со супериорни материјали, обезбедувајќи поголема издржливост, сигурност и мала потреба за одржување. Нивниот напреден дизајн обезбедува константна заштита од притисочни удари и вакуумски состојби, што овозможува подолг век на траење и ја намалува опасноста од протекување или распрскување.
CWT е официјален партнер на брендот Aquestia во Македонија, нудејќи најквалитетни и иновативни решенија за третман на вода.
Извор: https://hidroconta.com/en/articles/how-to-remove-air-from-pipes/
