Изминатиот викенд дел од стручниот тим на ЦВТ присуствуваше на 6-та Меѓународна конференција за Квалитет и Компетентност 2024, која се одржа во Охрид, во организација на МАКЛАБ и поддржана од ИАРСМ. На конференцијата присуствуваа претставници од голем број лаборатории, тела за акредитација, национални и европски здруженија на лаборатории за испитување и калибрација од Македонија, Хрватска, Турција и други. Вo текот на конференциските денови беа презентирани вкупно 19 трудови од кои 16 преку усни презентации и 3 постерски презентации.
Тематски целини кои беа опфатени: Новини во инфраструктурата за квалитет, Улогата на дигитализацијата во одржливоста на лабораториите, Зелени практики во лабораториите, Лабораториите за тестирање и калибрација – предизвици и решенија, Влијанијата на економијата врз развојот на лабораториите, како и опрема за мониторинг на квалитет на вода. Крајната цел на оваа конференција, на која завземаме учество по втор пат е компетентна, ефикасна и одржлива структура за квалитет на национално, регионално и меѓународно ниво.
ЦВТ како компанија која е постојано во чекор со развојот на новите технологии и опрема стои на располагање на своите клиенти, вклучувајки ги и лабораториите за набавка на опрема и материјали како и опрема за јавните претпријатија, со цел подобрување и унапредување на ефективноста на процесите и ефикасноста на работата на системите.
ЦВТ е претставник на светски познати брендови од областа на третман, мониторинг и транспорт на вода и тоа: Xylem со брендовите: Flygt, Godwin, Wedeco, Leopold, Sanitaire, Timex, MakCmC, Hach Lange, VonRoll hydro, Brenntag, Akuamaks, ScientAct.



