Процесна мерна опрема
Центар за Водни Технологии на своите клиенти им нуди комплетна опрема за анализа на вода. Нашата специјализирана понуда содржи напредни аналитички решенија за утврдување на квалитетот на процесна мерна опрема за мерења и анализи на квалитетот на вода во пречистителни станици за питка и отпадна вода, индустриски постројки и друго.
Процесната опрема обезбедува континуирано следење и мониторирање на квалитетот на водата во текот на индустриски процеси и работи во реално време со цел да ја оптимизира ефикасноста на процесите за третман на вода. Ние нудиме голем избор на процесна мерна опрема од програмите на HACH и WTW.
Посетете ја страницата на Hach за да ги видите сите производи поединечно: www.hach.com/resources/water-analysis-handbook
Програма
Процесни мерачи за онлајн мониторинг на вода
- Процесни pH/ ORP метри
- Процесни Турбидиметри
- Процесни Кондуктометри
- Процесни мерачи за растворен О2
- Процесни мерачи за амониум
Процесни анализатори
- Процесни анализатори за вкупен азот
- Процесни анализатори за вкупен фосфор
- ХПК анализатори
Автоматски семплери за земање на примероци од вода
Семплерите може да бидат поставени да земаат примероци во редовни интервали (на пример, секој час, секој ден) или според други параметри како што е протокот на водата.
Брендот Hach нуди опрема за земање примероци за континуирано следење на водата, со интегрирани системи за анализа на податоци.
Преносни семплери за земање на примероци од вода
Овие уреди се практични за мобилно користење и може да бидат преносливи, што ги прави погодни за мониторирање на квалитетот на водата на отворено, на оддалечени места или во случај на теренска работа.
Преносните семплери можат да бидат конфигурирани да земаат примероци во различни количини и се направени да издржат различни климатски услови, како дожд, прашина, високи или ниски температури.