Лабораторија Липково – Уште еден чекор напред кон безбедна и чиста вода за пиење
Јавното комунално претпријатие „Пенда“ Липково конечно доби своја современа лабораторија за физичко-хемиска анализа на водата, и ние сме особено горди што бевме дел од овој значаен проект!
Во рамки на новоизградената филтерна станица за третман на вода за пиење во општина Липково, беше отворена лабораторија која ќе овозможи континуирана и прецизна контрола на квалитетот на сировата и пречистената вода. Ова претставува клучен чекор кон подобрување на јавната здравствена сигурност и обезбедување на чиста вода за сите жители на регионот.
Како компанија, имавме чест и одговорност да ја испорачаме, инсталираме и ставиме во функција комплетната лабораториска опрема, како и да го обучиме стручниот кадар што ќе раководи со процесот на анализа.
Испораката вклучуваше врвна лабораториска опрема од светски реномирани брендови:
- Турбидиметар од HACH Lange, со напредна 90°/360° технологија за мерење матност
- VIS спектрофотометар со над 220 предефинирани методи, исто така од HACH Lange
- Тестови за континуирана анализа, компатибилни со спектрофотометарот
- pH метар и кондуктометар од WTW Xylem Brand, со едноставна употреба и висока прецизност
- Флок тестер со 6 позиции за изведување на JAR-тестови од Lovibond
- Дестилатор за вода со вграден 4L резервоар од LAUDA
- Автоматска бирета за титрации од SI Analytics
- Преносни мерачи за резидуален хлор – идеални за теренска анализа, од HACH Lange
- Стерилизатор со програмирана сушење и стерилизација од МММ Group
- Дигестор со компактен дизајн, совршен за лаборатории со ограничен простор, од Kottermann
- Аналитичка вага за прецизни мерења
Поддршка што продолжува и по испораката
Нашата задача не заврши со испорака, но вклучи и инсталација и пуштање во работа на инструментите, како и петдневна обука на стручниот персонал кој ќе работи во лабораторијата. Обуката вклучи:
- Практична работа со секој инструмент
- Анализи на различни типови води (бунарски, површински, третирана вода за пиење, дестилирана вода)
- Интерактивни сесии и самостојно работење
- Теоретски преглед на методите и принципите на анализа
По завршување на обуката, секој учесник доби сертификат за успешно завршена обука за работа со лабораториските инструменти.
Благодарност за довербата
Голема благодарност упатуваме до нашите партнери и добавувачи:
HACH Lange, WTW Xylem Brand, SI Analytics, LAUDA, Lovibond и Kottermann, и посебна благодарност и до ЈКП „Пенда“ Липково за укажаната доверба и соработка.
Со оваа инвестиција, Липково добива модерна, функционална и опремена лабораторија која поставува високи стандарди за мониторинг на водоснабдување – за здрава иднина и сигурна вода, денес и утре.





