Инсталација на пумпи и миксери во ПСОВ Радовиш
Придобивките од изградбата на пумпната станица се за целото население во Радовиш и околните села, што всушност опфаќа и изградба на дополнителен канализационен колектор со должина од 1.594метри, за маналување на инфилтрација на подземни води и намалување на разредувањето на инфлуентот во новата ПСОВ. Со употреба на Flygt производите, пумпањето на отпадната вода е континуиран процес кој се одвива без запушување, благодарение на Адаптивната технологија.
Опис на активности:
Набавка, тестирање и пуштање во работа на следната опрема и дополнително одржување и сервисирање:
- Инлет пумпна станица (2 во работа +1 резервна) – тип на пумпи NP 3202.180 MT, јачина 22 kW. Вкупен капацитет околу 750 m3/h
- Пумпа во еквилизационен базен (2 пар.) – тип на пумпи NP 3127.185 LT, јачина 4,7 kW. Адаптивен импелер. Вкупен капацитет од околу 320 m3/h.
- Милна пумпа (3 пар.) – тип на пумпа NP 3085.160 MT, јачина 1,3 kW. Адаптивен импелер. Вкупен капацитет од околу 180 m3/h.
- Миксер во еквилизационен базен (2 пар.) – тип на миксер SR 4650.412, Јачина 3,7 kW, 12 пола, 485 врт/мин.
Резултат:
По изградбата и пуштање во употреба на новата пречистителна станица за отпадни води, чиста и здрава вода ќе се користи за наводнување на земјоделските површини, што е од основно значење за производство на здрава храна. Проектот исто така опфаќа и изградба на нов колекторски систем и реконструкција на канализационата мрежа каде отпадната вода се испумпува веќе со FLYGT пумпи со Адаптивен импелер каде запушувањето е многу ретко, дури и да не постои.
Бенефит:
Придобивките од изградбата на пумпната станица се за целото население во Радовиш и околните села, што всушност опфаќа и изградба на дополнителен канализационен колектор со должина од 1.594метри, за маналување на инфилтрација на подземни води и намалување на разредувањето на инфлуентот во новата ПСОВ. Со употреба на Flygt производите, пумпањето на отпадната вода е континуиран процес кој се одвива без запушување, благодарение на Адаптивната технологија.
- Date: October 16, 2017
- Category: Индустрија за третман на отпадна вода











