Mедиа филтри
Mедиа филтрите претставуваат сигурно и ефикасно решение за примарна филтрација, благодарение на нивната слоевита структура исполнета со специјално селектирани гранулации на кварцен песок, хидроантицид, активен јаглен… Наведените филтрациски медиуми создаваат длабинска бариера со што се овозможува ефективно отстранување на поголеми механички честички, органски остатоци, отстранување на мирис, неутрализација на хлор, деферизација, деманганизација зависно од апликацијата. Притоа овозможувајќи стабилен и чист проток на вода дури и во системи со високо оптоварување. Како резултат, медиа филтрите обезбедуваат прва линија на заштита за подложните компоненти во системот, спречувајќи абразија, запушување и намалување на проточноста.
Благодарение на нивната цврста конструкција и можноста за автоматско или мануелно повратно перење, медиа филтрите гарантираат континуирана работа со минимални интервенции. За време на процесот на чистење, водата под притисок ја подигнува и раздвижува слоевитата маса од гранули, ослободувајќи ги акумулираните нечистотии и брзо воспоставувајќи оптимални услови за работа. Овој едноставен, но исклучително ефикасен механизам придонесува за долготрајна функционалност, ниски трошоци за одржување и висока доверливост на филтрацискиот систем.