Мониторинг на квалитет на вода во реки и езера
YSI е бренд на компанијата Xylem чија главна дејност е мониторинг на квалитет на вода во реки и езера. Освен тоа тие произведуваат уреди кои се користат во медицината, прехранбена и индустрија за производство на пиво, уреди за мониторинг на отпадни води, испитување на површински води, атмосферски води и уште многу други апликации.
Параметри кои може да се следат континуирано: растворен кислород, PH, електролитска спроводливост, температура, ORP, вкупни растворени честици (TDS), хлорофил, нитрати, амониум, хлориди, вкупни алги итн…
Понтонски систем за мерење на голем број параметри на водата и мониторинг на квалитетот на водата во реки и езера.
Континуиран мониторинг на површинските води (реки, езера, извори)
Континуирано следење на квалитетот на површинските води до 5 параметри истовремено
- Пренос на податоците 24/7, до SCADA систем, мобилна мрежа, SMS до главен оператор или до компјутер;
- Измерените вредности се прибираат во DATA LOGGER и се пренесуваат телеметриски до посакуван уред;
- Графички приказ на измерените вредности, часовно, неделно или месечно;
Континуиран мониторинг со преносни (Portable) Mерачи
EXO сондите можат да бидат монтирани на понтон или пак на преносливи мерачи за теренско мерење на квалитетот на површинските води – до 7 параметри истовремено и сензор за длабочина до 250 m.
- Сензор за мерење до 7 параметри – ЕXO HANDHELD
- Унапредена технологија – самочистечки модул на сондата
- Plug’n’play
- Погодна за мониторинг на реки, езера, мориња, подземни бунарски води итн..