Franklin Electric, пумпи за сува и потопна изведба
Franklin Electric нуди високо квалитетни решенија за пумпање на води во мокра и сува изведба. Системите за пумпање се состојат од совршено усогласени компоненти, од мотори и пумпи до погонски системи и контроли, со цел да се зголеми ефикасноста, безбедноста и векот на траење. За да обезбеди најдобра вредност за своите клиенти, Franklin Electric производите се карактиризиираат со квалитет, достапност, сервис и иновативност.
Потопни бунарски пумпи, Franklin Electric
VSI 8"/10"/12 серија Потопни пумпи
- Потопни пумпи од серијата VSI на Franklin Electric се дизајнирани за високо ефикасни перформанси во широка примена. Достапни во големини од 8″, 10″ и 12″, овие пумпи се изградени со компоненти од некородирачки челик, кои нудат извонредна отпорност на корозија и издржливост—осигурувајќи долготрајна сигурност и доверливост дури и во најтешки надворешни услови.
- Овие пумпи се идеални за водоснабдување на населени места, индустриски и земјоделски апликации, каде што ефикасниот пренос на вода и перформансите се клучни. Со проточен капацитет и напор кои се прилагодени на специфичните оперативни потреби, серијата VSI обезбедува извонредни перформанси со минимална потрошувачка на енергија, што ги прави водечки избор за апликации кои бараат висока ефикасност.
- Конструкцијата од некородирачки челик на серијата VSI осигурува одлична отпорност на корозија, дозволувајќи им да издржат изложеност на штетни хемикалии, минерали и солена вода. Оваа отпорност на корозија, комбинирана со прецизна изработка, гарантира дека секоја пумпа работи на највисока ефикасност, намалувајќи ги потребите за одржување и продолжувајќи го животниот век на пумпите.
SR Серија Потопни Пумпи од Franklin Electric
Потопните пумпи FPS 6″ и 8″ SR серија се дизајнирани специјално за водоснабдување на населени места и индустриски апликации каде што е потребен високо квалитетен некородирачки челик. Дизајнирани да работат ефикасно со потопни мотори на Franklin Electric, пумпите од серијата FPS SR целосно од некородирачки челик се опремени за да издржат најтешките услови.
SR 6″ Серија: Обично се користи за помали апликации, како што се помали протоци и напор. Идеални се за апликации каде што просторот е поограничен, но се бараат висок квалитет.
SR 8″ Серија: Обично се дизајнирани за поголеми апликации кои бараат повисоки проточни капацитети и напор. Оваа серија е погодна за справување со поголеми количини на вода и потешки услови.
Брошури:
VS Серија 4" Потопни Пумпи од Franklin Electric
Franklin Electric нуди широк асортиман на потопни пумпи 4″ и 5″ со моќност до 7,5 kW.
Потопните пумпи VS серија 4″ од Franklin Electric се дизајнирани за оптимални перформанси во 4″ длабоки бунари или поголеми. Изградени со висококвалитетни материјали, овие пумпи се дизајнирани да издржат предизвикувачки услови додека обезбедуваат ефикасен и доверлив пренос на вода. Компактниот дизајн и робустната конструкција ги прават идеални за апликации каде што просторот е ограничен, но перформансите не можат да бидат компромитирани.
Овие потопни пумпи вклучуваат проверени компоненти, вклучувајќи делови од некородирачки челик, за да се осигура долготрајна издржливост и отпорност на корозија. Пумпите од серијата VS се совршени за резиденцијални, земјоделски и индустриски апликации, нудејќи супериорна ефикасност и доверлива работа во различни барани услови.
Апликации:
- Водоснабдување од длабоки бунари: Совршени за екстракција на вода од длабоки бунари, обезбедувајќи конзистентно и сигурно водоснабдување.
- Системи за наводнување: Идеални за земјоделско наводнување, обезбедувајќи ефикасен пренос на вода до културите.
- Водоснабдување на населени места: Погодни за водоснабдување обезбедувајќи високи перформанси за резиденцијални и комерцијални потреби.
- Системи за пренос на вода: Ефикасни за пренос на вода во различни индустриски и комерцијални апликации.
- Рециркулација: Совршени за системи кои бараат рециркулација на вода, како што се системи за ладење.
Franklin Electric, Пумпи за сува изведба
Повеќестепени пумпи за сува изведба
Понудата на повеќестепени центрифугални пумпи на Franklin Electric вклучува хоризонтални и вертикални конфигурации. Овие единици се достапни во различни материјали (леано железо, 304 и 316 нерѓосувачки челик) за да ги задоволат вашите специфични барања за апликација. Пумпите се достапни до 45 kW.
MH series- хоризонтални повеќестепени пумпи
MH series- бустер пумпи од некородирачки челик, дизајнирани да обезбедат високи притисоци, достапни со пет различни опсега на проток и различен степен на моќност, во монофазна и трифазна конфигурација, нудејки решение за разни апликации.
EM series- вертикални повеќестепени пумпи
EM серијата вертикални бустер пумпи имаат компактен и робусен дизајн кој обезбедува високи перформанси во широк спектар на апликации. EM серијата нуди три различни опсега на проток и различна моќност, во 1-фазна или 3-фазна конфигурација, обезбедувајќи сигурност дека ќе изберете пумпа која е соодветна за вашата специфична апликација.
VR series- вертикални повеќестепени пумпи
Пумпи од лиено железо или некородирачки челик за висока ефикасност и супериорни перформанси за проток до 115 м³/ч (50 Hz), 140 м³/ч (60 Hz).
Робусноста и сигурноста се дополнително подобрени со имплементација на нови компоненти, како целосно затворена механичка заптивка и намалено ниво на бучавост, правејќи ја пумпата идеално решение за разни апликации.
EH DTm series- хоризонтални повеќестепени пумпи со Drive-Tech MINI
Хоризонталните повеќестепени пумпи EH со френкфентни инвертери Drive-Tech MINI претставуваат најсовремено решение за високи притисоци, кое ги комбинира ефикасноста, едноставноста, иновацијата и безбедноста:
- Ефикасност: Drive-Tech MINI овозможува заштеда на енергија до 40% во споредба со традиционалните системи за контрола на фрекфенцијата.
- Иновација: Drive-Tech MINI може да се контролира рачно преку табла за управување, преку Bluetooth или со апликацијата на смартфоните Franklin “FE Connect Drivetech” (за Android и IOS), што ви овозможува да го поставите и следите системот од далечина, да ги зачувате работните податоци и да ја зголемите ефикасноста на пумпата.
Центрифугални хоризонтални пумпи за сува изведба
Центрифугалните пумпи според стандардот EN 733 се дизајнирани користејќи најсовремена технологија во однос на квалитет и ефикасност.
Овие пумпи се дизајнирани за пумпање на чисти течности, без абразиви и суспендирани цврсти честички, во неексплозивни средини. FN серијата е достапна во две конфигурации:
- FNC: пумпи во компактна изведба со издолжено вратило
- FNS: Stub-shaft со AEG мотор
Бустер сетови
Бустер сет составен од две или три идентични пумпи во паралелна спрега, во сува изведба, комплет со вентили, всисен и потисен колектор, поставени на заедничка метална плоча.
Сите пумпи се сетираат и контролираат со контролна табла и сензор за притисок (константна брзина) или преку фреквентен инвертер, по еден за секоја пумпа, за регулирање на брзината.
Booster сетови- GP series
Бустер сет составен од две или три идентични пумпи во паралелна спрега, во сува изведба, комплет со вентили, всисен и потисен колектор, поставени на заедничка метална плоча. Овие пумпи се контролирани со електронска или електромеханичка контролна табла која автоматски ги стартува и стопира пумпите согласно сетираните притисоци на сензорот за притисок.
Booster сетови – GL series
Бустер сетови со фреквентни инвентери DrivE-Tech и Drive-Tech MINI
Бустер сет составен од две или три идентични пумпи во паралелна спрега, во сува изведба, комплет со вентили, всисен и потисен колектор, поставени на заедничка метална плоча.Секоја пумпа од бустер сетот е контролирана од еден инвертер, кој ја менува работната фреквенција со цел одржување на константна сетирана вредност.