Системи за аерација
Аерацијата е клучен процес во современите системи за третман на вода, со директно влијание врз ефикасноста на биолошкиот процес, стабилноста на системот и вкупните оперативни трошоци. Со правилен избор и димензионирање на аерацискиот систем се обезбедува оптимална дистрибуција на потребниот кислород, експлоатација и долгорочно намалување на потрошувачката на енергија.
Нашето портфолио опфаќа аерациски системи базирани на дифузери со различен дизајн и материјали, прилагодени на конкретната намена и технолошки барања.
Во зависност од апликацијата и квалитетот на водата, се применуваат:
кружни мембрански дифузери (EPDM) за третман на отпадни води
керамички дифузери за третман на питка и процесна вода,
правоаголни дифузери за специјализирани технолошки решенија и реконструкции.
Овие системи се успешно имплементирани во оксидациони канали, MRB и SBR биореактори, drum филтри, како и во напредни биолошки процеси каде што се бара прецизна контрола и висока енергетска ефикасност.
Аерација со фини меурчиња
Дифузери со мембрански дискови Sanitaire Silver Series II
Silver Series II мембранските дискови за аерација се проектирани за апликации со високи барања за ефикасност и флексибилност, вклучувајќи SBR системи, аеробни дигестери, како и континуирана аерација. Напредната технологија на перфорација и уникатниот распоред на прорези овозможуваат исклучително фин и рамномерен мехурест образец, што резултира со висок и стабилен пренос на кислород, потврден преку независни тестирања од трети страни.
Мембраната е изработена од висококвалитетен EPDM еластомер, отпорен на хемиска деградација и стареење, со докажан работен век над 10 години и минимални барања за одржување. Интегрираниот O-ring, навојниот прстен за горнa заптивка и вградениот неповратен вентил овозможуваат ниска загуба на воздух, енергетска ефикасност и сигурна работа при променливи режими на аерација.
Керамички дифузери со дискови
Керамичките дискови за аерација се наменети за аерација на агресивни и корозивни отпадни води, каде што се бара висока механичка и хемиска отпорност, стабилна ефикасност и долг работен век. Благодарение на специјализираната технологија на компресивно обликување, дифузерите постигнуваат оптимална геометрија и висок пренос на кислород при низок работен притисок, со рамномерна распределба на воздухот и минимални загуби во системот.
Дизајнот со горна заптивка и навоен прстен обезбедува целосно херметичко затворање, при што заптивната сила се зголемува со пораст на притисокот, елиминирајќи истекување на воздух и енергетски загуби. Керамичките дискови се отпорни на запушување, со ниски барања за одржување и очекуван работен век од 20+ години.
Мембрански дифузери од серијата Gold
Gold Серијата мембранските дифузери со фини меурчиња се проектирани за високогустински аерациски системи со низок воздушен флукс, каде што се бара максимален пренос на кислород и униформна распределба на воздухот низ целата површина на резервоарот. Напредната геометрија на дифузерот и микроперфорираната мембрана овозможуваат висока стандардна ефикасност на пренос на кислород (SOTE), до 3% по метар потопување, со минимална потрошувачка на енергија и стабилни процесни услови.
Модуларниот дизајн овозможува брза и економична инсталација, и лесна реконструкција на постоечки системи, додека PVC цевководите отпорни на корозија и UV зрачење обезбедуваат сигурна работа при различни температурни услови.
Аерација со груби меурчиња
Дифузери Single drop
Single Drop дифузерите се дизајнирани за апликации каде што празнење на резервоарите или каналите не е можно. Иновативниот дизајн со двоjна shear-плоча и повеќекратни отвори за испуст на воздух обезбедува оптимизиран пренос на кислород и стабилна аерација, додека контролниот отвор овозможува рамномерна распределба на воздухот долж целата должина на цевководот.
Дифузерите се изработени со некорозирачки челични цевководи и носачи, што обезбедува висока механичка стабилност и долг работен век, а инјекциски обликуваното пластично тело е достапно во DN25 и DN50 изведби.
Широкопојасни дифузери од некорозирачки челик
Широкопојасните дифузери од некорозирачки челик се дизајнирани за интензивни и тешки аерациски апликации, каде што е потребен висок проток на воздух и стабилна, униформна распределба на меурчињата. Широкопојасната аерација се постигнува преку периметар од 122 cm за испуст на воздух, што овозможува ефикасно мешање и стабилна аерација, претставувајќи сигурна алтернатива на механичките аератори.
Инвертираниот резервоар за воздух обезбедува рамномерен проток и спречува запушување, додека долниот дефлектор го ограничува влезот на талог и честички.
Jet аератори
Flygt Jet Аераторот е потопен аерациски систем наменет за мали и средни резервоари, кој овозможува брза и едноставна инсталација без празнење на резервоарот. Системот е самостоен и не бара дополнителна опрема како дувачи, куќишта или надградби. Благодарение на Flygt N-технологијата, аераторот нуди висока ефикасност, сигурна работа и минимално одржување. Создаваат подобра работна средина со значително помала бучава, вибрации и распрскување, а можат да се применат во резервоари од различни големини и форми, со можност за изведби отпорни на ерозија и корозија.
Моќност: 2kW- 37 kW
Сигурни решенија за аерација
Со повеќе од 40 години докажана примена во различни услови, решенијата за аерација на Sanitaire и Flygt претставуваат сигурен избор за секој тип на постројка за третман на вода. Од системи со фини меурчиња и енергетски ефикасни компресори, до дифузери со крупни меурчиња и самостојни механички аератори, овие решенија се проектирани да ги намалат капиталните, оперативните и трошоците за одржување, истовремено обезбедувајќи долг работен век од 10 до 30 години, во зависност од моделот и условите на работа.
Аерација en
Нашиот тим обезбедува техничка поддршка при избор, димензионирање и интеграција на аерациските системи, со цел оптимално решение за секој конкретен проект.