Надградба на системот за водоснабдување Јурумлери - ПС Окта
Проект
Проект Пумпна станица Окта
Инвеститор Општина Илинден
Нашиот тим успешно ја заврши надградбата на системот за водоснабдување во Јурумлери, проект кој значително ја подобрува ефикасноста и ги намалува енергетските трошоци.
Предизвик
Да се дизајнира и имплементира енергетски ефикасен и автоматизиран систем кој ќе обезбеди стабилен притисок, оптимална работа на сите пумпи и сигурен пренос на вода – при тоа задржувајќи ја постојната функционална инфраструктура.
Клучни активности
- Извршена е замена на постојните, дотраени пумпи во три бунари со нови Lowara бунарски пумпи со моќност од 11kW и проток од 100 m³/h, што значително ќе ја подобри енергетската ефикасност и ќе ги зголеми перформансите на системот.
- Инсталирани се нови електрични ормари со PLC и фреквентна регулација, кои овозможуваат целосно автоматско управување со пумпите и процесот на работа. Овој напреден систем овозможува оптимално регулирање на притисокот и протокот, заштита на опремата и рационално користење на енергијата.
- Во контролната просторија на пумпната станица заменет е постоечки команден ормар за рачно управување со пумпите, со нов команден ормар со ПЛЦ контрола за автоматско управување на процесот со работа на сите пумпи во пумпната станица. Со инсталирањето на новиот ормар, преку фреквентниот регулатор, овозможено е и управување со постоечката пумпа од 130 kW во црпниот базен на пумпната станица. Оваа пумпа има функција на транспорт на вода до резервоарите на ОКТА.
Овој напреден систем овозможува прецизно регулирање на притисокот и протокот на водата, ја штити опремата и овозможува рационално користење на енергијата.
Резултат
Со овие интервенции, системот за водоснабдување ги задоволува највисоките технички стандарди, што резултира со повисок степен на автоматизација и контрола, намалени оперативни трошоци и потрошувачка на енергија, подолг век на траење на опремата и сигурно снабдување со вода.



