Во февруари 2025 година, CWT со гордост го одбележа својот 10-годишен јубилеј, значајно обележување што ја одразува нашата деценија посветеност на обезбедување висококвалитетни и иновативни инженерски решенија за третман на питка и отпадна вода, аквакултури, наводнување, проектирање филтер и пумпни станици, како и станици за мониторинг на квалитетот на водата во реки и езера. Преку нашата работа, придонесуваме за обезбедување чиста вода за пиење и ефикасно прочистување на отпадните води, враќајќи ги во природниот циклус на начин што е одржлив и еколошки одговорен.
Нашата визија останува јасна, да градиме долгорочни односи со клиентите, засновани на професионалност, доверба, искреност и квалитет.
Значајни одбележувања за CWT
Нашето патување започна во 2015та година со визија за придонес кон квалитетна вода за пиење и правилно прочистување на отпадната вода, обезбедувајќи одржливи и иновативни решенија прилагодени на потребите на општините, комуналните претпирјатија, индустриските капацитети, прехранбена индустрија и други. Од 2017та година ЦВТ може да се пофали со сопствен сервис центар во Неготино, со цел обезбедување на сигурно и беспрекорно работење на уредите и опремата во или вон гарантен рок.
ЦВТ во Ноември, 2017та година прв пат организираше настан – “Иновативни технологии за третман, транспорт и мониторинг на вода”во Александар Палас, а од 2019та година е ISO сертифицирана компанија за стандардите 9001, ISO 14001, ISO 45001. Овие сертификати се доказ за нашите високи оперативни стандарди, обезбедувајќи ефикасност, одржливост и безбедност во секој проект што го спроведуваме. Во Октомври 2019та година, ЦВТ за прв пат добива награда – Најголем напредок на услуги за сервисирање, на Годишниот самит на Xylem дистрибутери во Будимпешта, што е уште еден доказ за нашата посветеност. Во Март 2021ва година, ЦВТ ја добива првата лиценца – Лиценца за изведба на градби, а со текот на годините, постојано ја прошируваме нашата експертиза, вложуваме во најсовремени технологии и градиме силни партнерства со водечки светски брендови.
Партнерства со водечки производители
За разлика од конвенционалните дистрибутери, ние нудиме сеопфатни инженерски решенија, вклучувајќи консултации, проектирање, инсталација, одржување и сервисирање на опремата која ја нудиме. Гордo ги претставуваме и сме застапници за брендовите Flygt, Wedeco, Leopold, Sanitaire, Hach, Brenntag, Franklin Electric, WTW и други. Овие партнерства ни овозможуваат да обезбедиме иновативни технологии за третман на вода, гарантирајќи ефикасни и квалитетни решенија за нашите клиенти.
Најзначајни проекти за CWT
Почнувајки од 2016та година со првиот реализиран поголем проект, CWT денес може гордо да се пофали со многубројни успешни проекти зад себе.
Првиот реализиран голем проект беше во 2016 година-изградба на автопат св.Николе-Штип фаза 1, па следствено фаза 2 наредната година, каде ЦВТ беше ангажирана за замена, дислокација на стари азбестни цементни цевки за наводнување и вода за пиење со нови цевки од дуктилно железо. Потоа следеше проектот за наводнување на Јужно-вардарска долина фаза 2, а во 2021 година беше завршен проектот за Изградба на нова пречистителна станица за вода за пиење за општина Карбинци, каде ЦВТ беше беше ангажиран за набавка, испорака, монтажа и пуштање во работа на опремата во процесот за преработка на вода, односно опрема за гасно хлорирање, дозирни системи, опрема за предфилрација, процесна опрема за мерење на кваалитет на вода, арматури, систем за рециркулација и комплет цевководи, па се до изминатата година каде ЦВТ беше ангажиран во проектот за реконструкција на системот за наводнување на Дебарско поле, кој е во завршна фаза.
Погледнете дел од нашите реализирани проекти тука: https://cwt.mk/portfolios/
Благодарност за 10 неверојатни години
CWT во изминатите 10 години беше дефинирана со иновативност, квалитет и соработка. Им благодариме на нашите клиенти, партнери и соработници, чија доверба е клучна за нашиот успех. Движејќи се напред, остануваме посветени на обликување на иднината на третманот на води, обезбедувајќи чиста и безбедна вода за сите. Нашата цел е да продолжиме да поставуваме високи стандарди за професионалност и да го задржиме квалитетот и репутацијата кои ги изградивме низ годините.
Прослава 10 години постоење CWT
Овој значаен јубилеј, CWT го прослави во винаријата Лазар, сместена во срцето на винскиот регион Тиквеш. Настанот ни овозможи да уживаме во дегустација на врвни вина, збогатена со едукативно искуство за уметноста на нивното создавање. Во пријатна атмосфера, наздравивме за успехот на CWT, заедно со нашите колеги, кои се темелот на нашиот успех. Огнометот беше прекрасен завршеток на денот, симбол на една деценија посветеност, постигнувања и амбициозни планови за иднината.
Наздравуваме за следната деценија на извонредност!








