Наводнување на jужно-вардарска долина фаза 2

Проектот за Наводнување на jужно-вардарска долина беше започнат со цел да се модернизира мрежата за наводнување, како и да се создадат значајно подобри услови за обработување на расположливите земјоделски површини, да се намалат трошоците и да се зголеми конкурентноста на земјоделските производи од овој регион.

Проектот вклучи: Набавка, испорака, монтажа и пуштање во работа на всисни и потисни филтри во 5 пумпни станици Градец, Јосифово, Пирава1, Пирава 2 и надворешна пумпа Удово.

Опис на активности:

Во секоја од наведените пумпни станици беа монтирани:

  1. Всисни филтри со автоматско чистење DN 300, комплет со инсталација за чистење со проток под притисок, од брендот Timex 7560 и ПЛЦ со софтвер за контрола на работа на филтрите;
  2. Инсталирани се автоматски самочистечки филтри со степен на филтрација од 600 микрони, тип SHF6000 и тип SVF10000 со кој што е значајно подобрен процесот на филтрација на водата за наводнување, со цел да се овозможи употребата на системи капка по капка за наводнување на земјоделските површини;
  3. Со инсталација на дозирен систем за дозирање хемикалии со капацитет од 0,0 до 12 l/h и работен притисок од 10 и 16 бари, постигната е дезинфекција и заштита на цевководите од развивање на бактерии и таложење на органски материи на внатрешните ѕидови на цевководите;
  4. Исто така на секоја од пумпните станици беа инсталирани милни пумпи од производител TSURUMI, тип KTD2 за празнење на црпните базени од пумпните станици по завршување на сезона, како и во случај на сервис и одржување;
  5. Дополнително инсталиран е мерач на проток во излезниот канал од главната пумпна станица Удово 2 од каде што се снабдуваат со вода горенаведените пумпни станици. Поставен е Sontek IQ PLUS компактен уред со кој континуирано се следат параметрите за брзина на вода, ниво, температура и проток во отворени канали. Сите податоци се пренесуваат до SCADA системот.
  6. Со поставувањето на новата софистицирана технологогија 5те пумпни станици со вкупен капацитет од 1600 l/s беа надоградени и модернизирани, обезбедувајќи долгорочни придобивки за заедницата и земјоделството во јужниот регион.

 

  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар
  • наводнување јужен вардар