Ревитализација на системот за одводнување на брана ХЕЦ Тиквеш
Проектот вклучи одводнување на акумулираната вода во хоризонталниот дел од галеријата приближно 1200 м3 на висина од 15 метри во земјено насипаната брана на ХЕЦ Тиквеш, како и демонтажа на старите пумпи, обезбедување на услови за монтажа, набавка, монтажа и пуштање во работа на нови пумпи, хидро-механичка и електро опрема за нивно правилно функционирање.
Опсег на работата:
Транспортот на опремата и пристапот кон неа требаше да се изврши низ симнување во тунел кој се наогаше во средината на браната од кота 268м.н.в. до 188м.н.в со скали во галеријата во висинска разлика од -100 метри од круната на браната. Пристапот до акумулираната во услови на нерамен терен, со стрмни скали, ограничено осветлување и видливост, намалена концентрација на кислород и опасност од струен удар, беше предизвик кој бараше иновативно инежерско решение.
Дополнителен предизвик беше евакуација на 1200м3 акумулирана вода (помалку од 1 l/s), при постојан доток на дополнителни количини на провирни води од самата брана, за што беа потребни неколку дена. Транспортирањето на старата и новата опрема во браната, на висинска разлика од 100 метри, беше исто така дополнителен предизвик со кој нашите вработени требаше да се соочат.
Резултат:
Со цел евакуација на акумулираната вода, демонтажа на постоечката опрема и нејзина достава до магацин на ХЕЦ Тиквеш (рачно изнесување по скали со висинска разлика од 100 метри), како и обезбедување сува подлога за воспоставување услови за монтажа на нова опрема, беа поставени пумпи на понтон со кој се овозможи непрекинато тридневно црпење на акумулираната вода и континуирано следење на нивото на истата. Ова решение ја намали потребата од присуство на работници во браната, како и времето потребно за испумпување на водата.
Се овозможи континуирано одводнување на провирни води, се изврши демонтажа на постоечката опрема, користејки специјална опрема за безбедно движење на вработените низ тунелите. По целосна евакуација на акумулираната вода се создадоа услови за монтажа на новата опрема, и беа монтирани и пуштени во работа нови потопни пумпи Flygt BS2620-MT, сензор за следење на нивото на водата, водни арматури и потисен цевковод. Исто така беше спроведено тестирање на опремата под притисок од 6 bari , а персоналот задолжен за одржување доби соодветна обука за работа со новиот систем.
Бенефит:
Со успешната реализација на проектот, системот за одводнување на галеријата беше целосно обновен и автоматизиран. Враќањето на функционалноста на овој систем значително ја зголеми безбедноста и ефикасноста на работата на браната, минимизирајќи ги ризиците од можни оштетувања предизвикани од акумулација на провирни води.
- Date: December 25, 2024
- Category: Одводнување





