СЕРВИС ЦЕНТАР
ЦВТ обезбедува сервисирање на опремата и уредите на сите програми од брендовите кои ги застапува за целата територија на нашата држава.
Еден од помошните процеси во нашата компанија е сервисот со цел да им го олесниме функционирањето на клиентите и да им обезбеди сигурност и поддршка во секој момент. Нашите сервисери се достапни на терен. ЦВТ обезбедува сервисирање на опремата и уредите од сите програми кои ги застапува за територијата на Р. Македонија
Сервисот во склоп на ЦВТ дооел Скопје функционира како автономна единица. Истиот е лоциран во Неготино, каде што работаат 2 сервис инженери. Комуникацијата на сервис инженерите со канцеларијата во Скопје се одвива секојдневно, со цел непречено одвивање на активностите во врска со сервис и техничка поддршка на нашите коминтенти, во зависност од нивните потреби.
Основната задача на сервисот е да обезбеди сигурна работа на опремата и уредите во гарантен и надвор од гарантен рок. Сервисирањето се врши во сервиси кои се опремени со сите потребни алати за сервисирање, опрема и софтвери за дијагностика и подесување. Опремата и софтверите ги користат квалификувани сервисери кои завршиле обуки во тренинг центрите на производителите на опремата.
Услуги на нашиот сервис се:
- поправка во и надвор од гарантен рок;
- верификација на исправност на опремата;
- испитување, калибрација на инструментите (можна е и сертифицирана калибрација согласно ISO 17025);
- договори за одржување;
- превентивно одржување;
- обука за ракување и одржување;
- надзор на монтажа и монтажа на уреди и опрема;
- пуштање во работа на опрема;
Сервис на терен
Во зависност од потребите на терен, локацијата на добавувачите и видот на транспортни средства потребни за испорака на потребните делови, истите се преземаат од магацинот на ЦВТ во Скопје или директно од самите добавувачи.
Доколку дефектот може да се отстрани веднаш, се пристапува кон решавање на проблемот и по завршувањето и пуштањето на опремата во употреба се изготвува сервисен записник или работен налог кој се потпишува од стана на клиентот и сервисерите.
Доколку дефектот не може веднаш да се отстрани односно потребно е да се заменат одредени делови од опремата, во комуникација со инженерите се изготвува понуда за сервис со замена на резервните делови и рок на испорака, и се испраќа до клиентот. По прифатената понуда се набавуваат потребните делови кои што треба да бидат заменети и повторно се излегува на терен по договор со клиентот. По замената на деловите, опремата се пушта во работа и се изготвува сервисен записник и испратница за испорачаните делови и се испраќа до одговорниот инженер.
Сервис за поголеми проекти
Кога станува збор за поголем проект, каде вработените од сервисот се ангажирани на дневно ниво за инсталација на опрема, се изготвува динамички план на активности за времетраењето на целиот проект, од почеток до завршување на обврските. Се води градежен дневник за дневните активности кој се потпишува од страна на сервисерите, одговорниот инженер за проектот и надзорните лица од страна на клиентот. Одговориот инженер врз основа на градежниот дневник изготвува градежна книга и ситуација или фактура за текoвниот месец и со писмо за испорака со комплетна документација (градежен дневник, градежна книга, ситуација…) се доставува до клиентот.
Сертификати за безбедност и здравје при работа
За време на работата на терен, инженерите задолжително се опремени со потребната опрема за заштита и безбедност при работа, согласно законските процедури и мерки, како и процедурите кои треба да се запазат согласно Правилниците и процедури за работа на коминтентот.
За вработените во ЦВТ е спроведена обука за безбедност и здравје при работа од страна на Сертифицирана компанија и се вршат редовни систематски прегледи.
На сите наши корисници, кои имаат дилеми околу проценката на правилното функционирање на уредите и опремата или каква било нејасност околу процесот, нашите сервисери се достапни да ја дадат потребната помош.