Лабораториска опрема
ЦВТ на своите клиенти им нуди комплетна опрема за анализа на вода. Нашата специјализирана понуда содржи напредни аналитички решенија за утврдување на квалитетот на процесна и лабораториска мерна опрема за мерења и анализи на квалитетот на вода во пречистителни станици за питка и отпадна вода, индустриски постројки, лаборатории.
Нудиме голем избор на теренски и лабораториски pH- метри, кондуктометри, мерачи на растворен кислород, колориметри, спектрофотометри, турбидиметри, термореактори, ТОС анализатори, уреди за одредување на БПК5, дестилатори за вода, како и лабораториски инвентар и додатоци за лабораторија од програмите на HACH и WTW.
HACH системите се дизајнирани да го поедностават процесот на анализа на вода со нивната понуда на он-лајн инструменти, преносна лабораториска опрема и реагенси, методи лесни за следење, како и техничка поддршка.
Од 2011, брендот WTW e дел од XYLEM групацијата која е светски лидер во бизнисот на третман на води. WTW нуди најмодерна програна на високо-квалитетни мерни инструменти за анализа на вода. Нивната сигурност, безбедност при работа и разновидност го поставија високи стандарди во светската индустрија.