Миксери
Миксерите и процесот на мешање наоѓаат голема примена во пречистителните станици за отпадна вода, рибници, во големи базени каде постои можност од таложење на најразлични материи, цврсти честички на дното од самиот базен. За таа цел се користат миксери чија главна цел e одржување на дното чисто од седименти, односно од таложење.
Flygt 4200 потопни прилагодливи миксери за вода со голема брзина
Целосно мешање за секакви услови
Потрошете до 50% помалку електрична енергија
Без разлика дали управувате со миксерот од страната на резервоарот или ракувате со него од контролната соба, адаптивните миксери Flygt 4200 обезбедуваат значителни заштеди на енергија. Со усогласување на излезот со побарувачката, тој ги намалува оперативните трошоци и ја оптимизира ефикасноста на процесот.
Зголемете го животниот век на миксерот
Намалете го процесот на абење благодарение на високите перформанси на миксерот дури и при мали брзини. Автоматската заштита на моторот од преоптоварување го намалува ризикот од прекин на процесот на работа.
Подобрете ја работата на процесот
Целосна флексибилност е овозможена со серијата Flygt 4200 миксери. Со рачна контрола на резервоарот или интегрирано управување со SCADA, можете да бидете сигурни дека миксерот ќе се прилагоди за да се справи со сите непланирани и планирани промени додека во исто време ја одржува ефикасноста.
Економски-исплативно решение
Миксерите од серијата Flygt 4200 имаат повеќе функции и можат да задоволат различни потреби, намалувајќи ја потребата за набавка на дополнителни резервни делови, со што се намалува вкупната инвестиција за обнова или замена на миксерите со нови.
Flygt 4320 потопен прилагодлив миксер за вода со мала брзина
Комплетна контрола и автоматизација на процесот на мешање
Штеди до 50% трошоци за енергија
Без разлика дали користите миксер со целосна автоматизација или преку систем за управување, Flygt 4320 нуди значителни заштеди на енергија. Континуираното усогласување на излезот со реалната побарувачка, ги намалува трошоците и ја оптимизира ефикасноста на процесот.
Подобрете ја приспособливоста на процесот
Тиња на дното на вашиот резервоар? Сезонски флуктуации? Процес на надградба? Flygt прилагодливите миксери ви овозможуваат да го прилагодите излезот, рачно или автоматски, за да го постигнете саканиот резултат од процесот на мешање — без разлика на се.
Зголемете го времето на работа на миксерот
Со сеопфатен мониторинг, функции за автоматска корекција, запечатена и заштитена средина за работа, адаптивните миксери Flygt претставуваат ново ниво во процесите на мешање.
Намалете ја количината на дополнителна опрема
Бидејќи истиот модел на адаптивни миксер може да се користи за различни апликации во вашата инсталација, инвестицијата во резервни делови и резервни мешалки е намалена.
Барате подетални информации?
Симнете ги нашите каталози: