Flygt, a Xylem brand, пумпи
FLYGT е светски лидер во дизајн и производство на пумпи за сува и потопна изведба, миксери и интелигентни контролни системи во врска со нив. FLYGT им обезбедува на клиентите комплетна понуда на производи и решенија за питка и отпадна вода, како и опрема за напреден мониторинг и контрола со цел оптимизација на делотворноста и енергетската ефикасност.
Модуларниот дизајн и мократа изведба се клучни карактеристики на потопните пумпи на Flygt. Овие компактни уреди се состојат од хидраулична единица, погонски мотор и заедничка оска, и истите функционираат целосно потопени во вода со цел транспорт или мешање на течности.
Инсталирањето на потопната пумпа ги нуди следниве предности:
- намалување на трошоците за изградба на стационарни системи и подземна инсталација без ризик од оштетување при поплавување,
- преносливост,
- лесно ракување,
- едноставна инсталација.
Потопните пумпи на Flygt се докажани со својата повеќедецениска работа на различни инсталации. Континуираното подобрување и висококвалитетната изработка на куќиштата и механичките заптивки за потопните мотори резултираат во решенија со врвен квалитет, кои отвораат нови можности за примена на потопната технологија на Flygt.
Новите области на примена вклучуваат:
- потопни мешалки за инсталација во резервоари, базени, силоси и слично,
- потопни пропелерни мешалки со мала брзина за генерирање на хоризонтален проток со ефект на самочистење на пропелерските лопатки,
- вертикални потопни пропелерски пумпи со голем капацитет,
- едноканални работни кола отпорни на затнување за третман на отпадни води,
- работни кола за сечење, кои се користат за транспорт на течности што содржат долги влакна.
Flygt Experior
Flygt Experior е нов концепт кој нуди целосно решение за препумпување, вклучувајќи уникатни Flygt решенија што овозможуваат заштеда до 50% од трошоците за експлоатација:
- N-адаптивно работно коло: работно коло кое, освен ротационото движење, има и аксијално поместување. Оваа функција спречува запушување на хидрауличниот дел од пумпата. Оваа иновативна технологија е наградена од страна на „Innovative Technology Award“ од Water Environment Federation (WEF).
- Мотори со премиум ефикасност: Flygt ги вклучи овие мотори во својот производствен програм. Придобивките од ефикасните Flygt премиум мотори, согласно меѓународните стандарди, се: пониска температура на моторот, што го продолжува работниот век, и оптимизирани перформанси за примена во препумпување на отпадни води.
- SmartRun уред за оптимизација на работата на пумпата: уредот е опремен со софтвер развиен врз основа на долгогодишното искуство на инженерите на Flygt, кој е лесен за употреба и конфигурирање.
Предности на Flygt Experior:
- Најсигурен систем за препумпување на отпадни води,
- Пумпи кои штедат до 50% енергија,
- Лесни за користење SmartRun контролери,
- Мотори со до 4% повисока ефикасност од стандардните,
- Единствен производител за оптимално решение за препумпување.
Потопни пумпи
СЕРИЈА “N” – Потопни пумпи со полуотворено канално работно коло за отпадни води и мил што содржи влакна.
Области на примена:
- Изградба на канализациони системи и системи за водоснабдување
- Отпадни и питки води
- Канализациони системи во домови и домаќинства
- Индустрија
- Објекти покрај морски и крајбрежни подрачја
- Земјоделство
Употреба:
Градски, домашни, индустриски и земјоделски отпадни води и сите видови мил, процесни, атмосферски и отпадни води за ладење, абразивни, корозивни и вискозни течности
- Температура на медиумот: до 40°C
- Материјали: Лиено железо
- Степен на заштита: стандарден
- Ex – изведба
N “адаптивно” работно коло
Новото работно коло, освен ротационото движење, има и аксијално поместување нагоре-надолу во хидрауличниот дел со што овозможува целосна заштита на пумпата од затнување и одржување на постојан степен на ефикасност.
Новата генерација на N пумпите може да понуди изведби на работни кола и прстени, како што се:
- N коло од лиено железо
- N коло зајакнато со хром
- N коло од нерѓосувачки челик
Овие работни кола може да бидат во комбинација со три типа на долни прстени на работното коло, во зависност од материјалот: од лиено железо, зајакнато со хром, или изведба со повеќе жлебови.
СЕРИЈА “C” – Потопни пумпи со канални работни кола за отпадни води и мил што содржат влакна и цврсти материи.
Области на примена:
Изградба на канализациони системи и системи за водоснабдување, Постројки за преработка на отпадни води, Домашни канализациони системи, Објекти покрај морски и крајбрежни подрачја, Индустрија, Градежништво, Рударство, Земјоделство
Употреба:
Одвод на градски, домашни, индустриски и земјоделски отпадни води и сите типови мил, Процесни отпадни води, атмосферски води и води за ладење, Препумпување на морска вода, Вискозни и корозивни течности
- Температура на медиумот: до 90°C
- Материјали: Лиено железо, нерѓосувачки челик
- Степен на заштита: стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “D” – Потопни пумпи со вортекс работно коло за отпадни води што содржат цврсти материи, долги влакна и мил.
Области на примена:
Изградба на канализациони системи и системи за водоснабдување, Постројки за преработка на отпадни води, Домашни канализациони системи, Индустрија, Градежништво, Рударство, Објекти покрај морски и крајбрежни подрачја.
Употреба:
Одвод на градски, домашни, индустриски и земјоделски отпадни води и сите типови мил, Процесни отпадни води, атмосферски води и води за ладење, Препумпување на морска вода, абразивни, корозивни и вискозни течности што содржат гасови, Препумпување на загадени води, мил и течно ѓубриво.
- Температура на медиумот: до 70°C
- Материјали: Хидроналиум (G-AlMg5), лиено железо, алуминиумска бронза, нерѓосувачки челик
- Степен на заштита: стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “F” – Пумпи со работни кола за сечење за течно ѓубриво, отпадни води и мил.
Области на примена:
Земјоделство, фарми, Водоснабдување, Канализациони системи, Индустрија
Употреба:
Земјоделски, градски, индустриски и отпадни води од приватни домаќинства, како и сите типови мил, Препумпување на течно ѓубриво и препарати за исхрана на растенија, Аерација на течно ѓубриво, Хомогенизација на течно ѓубриво
- Температура на медиумот: до 40°C
- Материјали: Лиено железо
- Степен на заштита: стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “M” – Потопни пумпи со дробилка/секач и повеќестепени работни кола за отпадни води што содржат влакна и цврсти материи.
Области на примена: Изградба на канализациони системи и системи за водоснабдување, Домашни канализациони системи, Системи за одвод на отпадни води од населени места
Употреба:
Препумпување на мали количини необработени отпадни води со цврсти и/или долговлакнести материјали на поголеми висини, Отпадни води од домаќинства и куќи оддалечени од канализационата мрежа, Препумпување на отпадни води од кампови, одмаралишта и спортски терени
- Температура на медиумот: до 40°C
- Материјали: Лиено железо
- Степен на заштита: стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “B” – Потопни пумпи со повеќестепени работни кола за контаминирани води што содржат абразивни честички.
Области на примена: Градежништво, Индустрија, Рударство, Изградба на канализациони системи и системи за водоснабдување, Објекти покрај морски и крајбрежни подрачја, Земјоделство, Рибници
Употреба:
Препумпување и дренажа, Наводнување, Процесни отпадни води, атмосферски води, Одводнување на површински води во рудници, Одводнување во опасни зони, Абразивни, корозивни и вискозни течности
- Температура на медиумот: до 90°C
- Материјали: Алуминиум, Алуминиумска бронза, обложено со Poly-life, Хидроналиум (G-AlMg5), Нерѓосувачки челик, Лиено железо, зајакнато со хром (hard iron)
- Степен на заштита: Стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “H” – Пумпи со работни кола наменети за работа во тешки услови и испумпување на мил и течности кои имаат висока концентрација на суви материи
Области на примена: Отпадни води, Индустрија, Градежништво, Рударство, Објекти покрај морски и крајбрежни подрачја
Употреба:
Води со многу висока содржина на абразивни честички, Корозивни и вискозни течности, Сите типови мил,
- Температура на медиумот: до 90°C
- Материјали: Лиено железо, Делови кои се изложени на абразија зајакнти со хром (hard iron)
- Степен на заштита: Стандарден
- Ex – изведба
СЕРИЈА “P” – Потопни пропелерни пумпи за сирова вода и лесно загадена отпадна вода и мил
Области на примена: Отпадни и питки води, Индустрија, Електрани, Бродоградилишта, Заштита од поплави
Употреба:
Атмосферски води, сирова и речна вода, Отпадна вода, Активен мил, повратен мил, Процесна вода и вода за ладење, Препумпување на големи количини вода на мали висини, Инсталација за заштита од поплави
- Температура на медиумот: до 40°C
- Материјали: Лиено железо
- Степен на заштита: Стандарден
- Ex – изведба
Godwin, a Xylem brand, пумпи
Godwin, како дел од групата Xylem, нуди широка линија автоматски самовсисни пумпи кои можат да се користат како привремени, така и како постојани решенија. Со голем избор на електрични и дизел мотори, овие пумпи се користат низ целиот свет во рударството, градежништвото, како и во многу други комунални и индустриски апликации. Дизел моторите се од реномираните производители Perkins и CAT, а сите пумпи можат да дојдат монтирани на приколки за побрз и полесен транспорт.
Типови и серии на Godwin, a Xylem brand, пумпи:
CD Серија пумпи
- Проток: од 80-3500 м³/ч
- Слободен премин на цврсти материи: пречник до 125 мм
- Висини на подигање: од 32 до 65 м
HL Серија пумпи
- Проток: од 107-1200 м³/ч
- Слободен премин на цврсти материи: пречник до 65 мм
- Висини на подигање: од 100 до 160 м
NC Серија пумпи со N работно коло
- Проток: од 0-360 м³/ч
- Олеснат транспорт на долги влакнести материјали и друг канализационен отпад
- Проток: од 80-1368 м³/ч
- Слободен премин на цврсти материи: пречник до 125 мм
- Висини на подигање: од 25 до 140 м
VAC Prime серија пумпи (лесни и брзо преносливи пумпи)
- Проток: од 100-374 м³/ч
- Слободен премин на цврсти материи: пречник 45-75 мм
- Висини на подигање: од 11 до 25 м
- Покрај самите пумпи, Godwin, a Xylem brand, може да понуди и широка палета дополнителна опрема, вклучувајќи: усисни и потисни црева со различен пречник и димензија, различни типови спојници, електрични ормари со можност за фреквентна регулација.