Уреди за мерење проток и ниво на вода
SonTek
Sontek е бренд на компанијата Xylem чија дејност генерално e производство на уреди за мерење проток, ниво, температура на вода. Се поставуваат во реки, цевки, отворени, затворени канали, а параметрите коишто ги отчитуваат може лесно да се следат и во зависност од нив може лесно да се контролираат табласти затвoрачи поставени на канали, вентили кои контролираат проток на вода и сл.
На сликата е прикажан еднокомпонентен уред за мерење на неколку параметри истовремено и тоа: брзина на вода, притисок на вода, ниво на вода, насока на струење и проток. Без разлика дали ви е потребно само практично или економично решение за еден канал или пак работите за некое јавно претпријатие со десетици мерни места, тука е вистинскиот уред кој би ги задоволил сите барања, Sontek IQ.
Примена на Sontek уред во цевка или реки
Комплетен систем за мерење на проток, брзина, температура, притисок на водата како и контрола на квалитетот на водата во реки или езера.
Сончев панел за напојување на системот за контрола и мерење.
Еден ваков систем се состои од: повеќе сонди за мерење различни параметри на водата, рН, матност, растворен кислород, амониум, хлорид, сино-зелени алги, хлорофил, спроводливост, длабочина до максимум 250м. (во зависност од сондата), соленост итн. Сончев панел за напојување на целиот систем, телеметриска единица за пренос на податоци во реално време, уред за мерење на количина на дожд, уред за мерење на проток, температура, насока на струење на водата, притисок, брзина на вода едновремено.
Sommer
Sommer, бренд кој потекнува од Австрија, партнер со Sontek, сертифициран по ISO 9001:2015 е производител претежно на мерачи на проток за големи и широки реки, канали, цевки. Принципот на користење е многу едноставен, само се монтира, се поврзува на напојување и со единица за пренос на информациите на далечина и уредот е подготвен за користење. На пазарот се присутни повеќе модели со различни димензии и слични перформанси, но во однос на точноста и резолуцијата на обработените податоци, сите се еднакви.