Иновативни третмани на вода во разладни системи, вода во котли, кај третман на отпадни и питки води, како и практични решенија за усовршување на процесите за подобрување на квалитетот на водата. Нашите партнерски компании важат за најголеми светски производители на хемикалии за различни апликации во делот на третман на водите. Хемикалиите за третман на вода наоѓаат примена во скоро сите индустрии како хемиската, фармацевтската, рударска и металната индустрија, енергетика, индустрија за преработка на храна и пијалоци, како и институционални корисници како болници, универзитети, административни објекти и хотели.