Партнерски компании
ЦВТ се залага за стабилни и квалитетни партнерства. Пред вас е листа на партнери на ЦВТ благодарение на кои ги создаваме вашите успешни деловни приказни.
Нашите партнерски компании се имиња- синоними за производите што ги продаваме. Задоволувајќи ги потребите на своите клиенти, во опкружување на индустриски процеси кои се повеќе бараат, ЦВТ со текот на годините создаде силни партнерски односи со познати производители на опрема за третман на вода.
Нашите партнери се иноватори, креатори, професионалци кои успешно решаваат проблеми и дилеми, сложени задачи кои пазарот ги поставува пред нив. ЦВТ успешно ги следи со тоа што го придонесува инженерското знаење на своите луѓе во процесите со партнерските производи на нашиот пазар, градејќи доверба, услужни активности и многу повеќе.
Xylem
XYLEM е водечка глобална компанија за технологија за вода посветена на развој на иновативни технолошки решенија за предизвиците поврзани со вода во светски рамки.
Производите и услугите на компанијата ја преместуваат, третираат, анализираат, следат и ја враќаат водата во животната средина во услугите на јавните комунални, индустриски, станбени и комерцијални згради. XYLEM, исто така, обезбедува водечко портфолио на паметно мерење, мрежни технологии и напредни решенија за анализа на податоци за справување со предизвиците со ресурси и изградба на попаметна, поотпорна инфраструктура за комунални претпријатија за вода, електрична енергија и гас.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.xylem.com
Flygt, a Xylem Brand
FLYGT е Xylem бренд, светски лидер во дизајн и производство на пумпи за сува и потопна изведба, миксери и интелигентни контролни системи во врска со нив. FLYGT им обезбедува на клиентите комплетна понуда на производи и решенија за питка и отпадна вода, како и опрема за напреден мониторинг и контрола со цел оптимизација на делотворноста и енергетската ефикасност.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.xylem.com/flygt/
Wedeco, a Xylem Brand
Користејќи процеси кои се еколошки и ориентирани кон иднината, производите на WEDECO се создадени за да ги зацврстат и подобрат темелите врз кои се базира нашето живеење, на глобално ниво. Широкиот бизнис концепт е резализација на најдобрите можни решенија за човештвото и природата, како и најекономични решенија за клиентите.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.xylem.com/en-us/brands/wedeco/
Leopold, a Xylem Brand
LEOPOLD, Xylem бренд е лидер за брза гравитациона филтрација и решенија за пречистување во индустријата за вода и отпадни води. Leopold нуди извонредни резултати од филтрација и врвна дистрибуција на перење на вода/воздух . Резултатот е долг животен век на филтрите, ниска потрошувачка на енергија, помалку дефекти на медиумот и помалку отпадна вода.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.xylem.com/en-us/brands/leopold/
Sanitaire, a Xylem Brand
SANITAIRЕ – Xylem бренд е светски лидер во дифузната аерација и напредни технологии за биолошки третмани на вода. SANITAIRE производите се користат за создавање на иновативни решенија за третман на отпадна вода за комунални и индустриски објекти, со кои не само што не се заштедуваат инвестициски и оперативни трошоци, туку и се долготрајни и вкупниот трошок за поседување се сведува на минимум.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.xylem.com/en-us/brands/sanitaire/
Aquestia
Со повеќе од 40 години искуство и посветеност кон прожање на услуга, доверба и иновација, Aquestia е водечки производител кој нуди решенија за заштита на цевководни системи насекаде низ светот. Компанијата произведува и нуди комплетна линија на воздушни вентили, неповратни вентили, контролни вентили и UFR (редуктор на немерлив проток) како и софтвер системски анализи за удари и големина и поставеност на воздушни вентили. Aquestia има капацитет за анализа на потребите на клиентите во однос на заштита на нивните водоводни системи од удари и промена на притисок и ги советува како да ги заштитат своите системи од физички оштетувања и намалување на загубите на вода како и заштита на водата од загадување и патогени упади.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.aquestia.com/
VonRoll
VONROLL развива, произведува и нуди висококвалитетни дуктилно-железни цевки за транспорт на вода, вентили, хидранти и системи за детекција на протекување на вода. Одржливите карактеристики на материјалот, иновативните производни технологии, професионалноста и стручноста во областите во кои се аплицираат, ги прави вистински партнер за управување со вода. VonRoll цевките и фитинзите се користат за водоснабдување, канализациски системи, системи за наводнување како и протовпожарни и системи за создавање на снег. Главна карактеристика е патентираниот BLS анкерен спој, кој овозможува поголема безбедност, лесна монтажа и демонтажа, без заварување, долготрајност, намалување на трошоците итн.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.vonroll-hydro.world/en/
STF Filters
STF Filters е водечки производител на системи за третман и филтрација на вода, со повеќе од 90 години искуство. Компанијата нуди висококвалитетни и одржливи решенија за земјоделство, индустрија и третман на вода. Како дел од групацијата MatHolding, STF обезбедува интегрирани решенија со висок степен на прилагодливост, енергетска ефикасност и техничка поддршка на глобално ниво. Портфолиото вклучува широк опсег на мануелни и автоматски филтри – автоматски самочисти филтри со сито, диск филтри и медиа филтри, дизајнирани за ефикасна и прилагодлива примена во различни услови.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: https://www.stf-filters.com
Brenntag
Brenntag е глобален лидер на пазарот за дистрибуција на хемикалии и супстанции. Меѓународната компанија, со седиште во Германија, управува комплексни синџири за набавка како за производителите на хемикалии така и потрошувачите со поедноставување на пристапот до пазарот на илјадници производи и услуги. Комбинира глобална мрежа со извонредна локална реализација. На тој начин, Brenntag е индустриски најефективниот и најпожелен канал до пазарот за партнерите – кој навистина се придржува до својата филозофијата -“ConnectingChemistry”.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.brenntag.com
Hach
Од основањето во 1933, со развој на сигурни и лесни за користење решенија, како и обезбедување на пристап до едукативна експертиза и поддршка, HACH помага во обезбедување на квалитетна вода насекаде низ светот. Линиите на интрументи и хемикалии на HACH внимателно се создаваат повеќе од 80 години, со цел подобра анализа на вода – побрза, поедноставна, поеколошка и поинформативна, и на тој начин добивање на вистински резултати од прв пат, секојпат. Денес, производите на HACH се достапни секаде во светот и им служат на индустриите, почнувајќи од градски водоводни мрежи, до индустриите за храна и пијалоци, енергетика и во сите апликации каде што е вклучена водата.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.hach.com
Akuamaks
Akuamaks е основана во 2002 да ѝ служи на индустријата за аквакултури преку снабдување со опрема за мрестилишта и фарми, специјална храна, хранилки, филтри, пумпи, бројачи на риби, УВ и озон системи, хемикалии, медицински препарати и инженеринг како консултации, дизајн на системи и услуги по принципот клуч на рака. Akuamaks е водечка компанија за логистичка поддршка и инженеринг со поддршка од меѓународни добавувачи кои Akuamaks со задоволство ги претставува и е нивни дистрбутер во Турција и Европа.
За повеќе информации посетете го нивниот сајт: www.akuamaks.com
Kemira
Kemira е глобална компанија со седиште во Хелсинки, Финска, специјализирана за хемиски решенија за третман на вода. Нивните производи и услуги вклучуваат третман на вода, како и индустриски решенија. Компанијата се стреми кон одржливост и иновации, со цел да создаде подобро општество преку безбедни и ефикасни хемиски решенија. Со над 100 години искуство и 5.000 вработени, тие соработуваат со водоснабдувачки компании и производители на целулоза и хартија. Повеќе информации на www.kemira.com