Контролирана карбонантна тврдина за сигурен производствен процес
Еден од нашите клиенти се соочуваше со сериозен предизвик- водата која што се користеше во производствениот процес имаше карбонатна тврдина од 30°dH, што предизвикува исталожување на карбонатни соли, намалена ефикасност и ризик од оштетување на опремата. Како технолошко решение, предложивме омекнувач со јонска смола кој овозможува стабилен и континуиран проток на вода со многу ниска карбонатна тврдина.
За правилно функционирање, нашиот тим изврши целосна инсталација на следната опрема:
◉ Омекнувач Twin 190L за ефикасно отстранување на калциумовите и мангезиумовите јони од водата
◉ Механички филтер со степен на филтрација од 130 μm
◉ PMC3 филтер и 3 кертриџи од 5 μm за детално филтрирање на водата
◉ Дозирен систем за правилно и континуирано дозирање на инхибитор за спречување на создавање на наслаги од калциумови соли
По комплетната инсталација, системот беше пуштен во работа и спроведовме теренска анализа. Измерената вредност од 0°dH е јасен показател дека системот е оптимално параметриран и подготвен за сигурен континуиран процес.
Резултат
Системот сега обезбедува чиста вода и долгорочна заштита на постоечката опрема во производствените погони. Овозможува непречено и енергетски ефикасно работење на производствените процеси.
Карбонатната тврдина може да биде тивок непријател на секој производствен систем – но со правилниот инженерски пристап, таа станува минато.


