Дифузери со мембрански дискови Sanitaire Silver Series II
Silver Series II мембранските дискови за аерација се проектирани за апликации со високи барања за ефикасност и флексибилност, вклучувајќи SBR системи, аеробни дигестери, како и континуирана аерација. Напредната технологија на перфорација и уникатниот распоред на прорези овозможуваат исклучително фин и рамномерен мехурест образец, што резултира со висок и стабилен пренос на кислород, потврден преку независни тестирања од трети страни.
Мембраната е изработена од висококвалитетен EPDM еластомер, отпорен на хемиска деградација и стареење, со докажан работен век над 10 години и минимални барања за одржување. Интегрираниот O-ring, навојниот прстен за горнa заптиваka и вградениот неповратен вентил овозможуваат ниска загуба на воздух, енергетска ефикасност и сигурна работа при променливи режими на аерација.
- Висока ефикасност на пренос на кислород (SOTE)
- Модуларниот дизајн овозможува едноставна и прифатлива инсталација и лесни надградби
- Очекуван век на траење од 10 до 30 години
