Отворање на лабораторија за испитување на квалитетот на водата, ЈКП „Водовод“-Илинден
Отворање на лабораторија за испитување на квалитетот на водата, ЈКП „Водовод“-Илинден
На ден 18 јули, 2024, во н.Илинден беше свечено отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата, во ЈКП „Водовод“-Илинден. Лабораторијата е опремена со најсовремена апаратура и технологија за анализирање на физичко хемиските параметри на водата како и контрола на микробиолошките параметри дефинирани во Правилникот за безбедност на водата за пиење донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Досега претпријатието го контролираше составот на водата преку соработка со надворешни лаборатории, со земање мостри во правилни временски интервали, а од сега тие испитувања ќе ги прави претпријатието пришто ќе бидат заштедени финансиски средства.
Апаратурата за новата современа лабораторија која ја обезбеди ЦВТ вклучува:
- Спектрофотометар od брендот HACH Lange за анализа на сите метали и минерали во вода;
- Лабораториски мерач за анализа на растворен кислород во вода, WTW, Xylem brand
- Мерач за одредување на pH и електроспроводливост на вода, WTW, Xylem brand
- Лабораториски Турбидиметар за мерење на матност на вода, hach lange
- Инкубатор за микробиолошка анализа
- Микроскоп
- Автоклав
- Дестилатор за производство на дестилирана вода, Lauda
- Систем за вакум филтрација
- Систем за микробиолошко пречистување и дезинфекција на воздух во микробиолошка лабораторија
- Дополнителен лабораториски инвентар
Потребата да се почесто се контролира на составот на водата која секојдневно се пласира од системите за водоснабдување е главна причина за квалитетно опремување на една ваква современа лабораторија во која секојдневно ќе бидат анализирани мостри на вода од сите населени места.
Приоритет во работењето на претрпијатието, е населението да има доволни расположиви количини на вода која е здравствено исправна и безбедна за пиење. Со набавката на опремата и опремување на лабораторијата се достигнува ново ниво во работењето на ЈКП Водовод Илинден, а ЦВТ заокружи уште еден успешно реализиран проект каде резултатот директно допринесува кон подобра животна средина.
ЦВТ е компанија чија цел е да обезбеди чиста и квалитетна вода за сите, преку нудење на комплетни инженерски решенија за третман на вода. Нашата работа вклучува инженеринг, набавка на материјали и опрема како и сервис на апаратурата која ја нудиме.
Со 10 години постоење, ЦВТ изгради реноме во светот на водата и секојдневно постаува нови стандарди со иновативните технологии и решенија за третман на вода кои ги нуди. Со силна посветеност кон обезбедување квалитет на нашите клиенти ние изградивме репутација во изнаоѓање решенија за предизвиците поврзани со водата.


